Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата
СПОРТ

Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата

Објавено October 10, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот.

Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа, но на овој натпревар во составот ќе го нема напаѓачот Ромелу Лукаку.

–  Го нема Лукаку, но во составот на Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со максимална посветеност и концентрација, со борба за секоја топка, веруваме дека можеме да ја реализираме нашата цел, изјави дефанзивецот Висар Муслиу.

На табелата македонската репрезентација е на првата позиција со 11 бодови (5 натпревари), Белгија е втора со 10 бодови (4), Велс има 10 (5), Казахстан следи со 3 (5), додека Лихтенштајн е последен без бод.

Почетокот на натпреварот во Гент е во 20:45 часот, а ќе го суди Умут Мелер од Турција. Денеска на програмата е уште еден натпревар од групата играат: Казахстан и Лихтенштајн, додека Велс е слободен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото на загинатиот Мартин Сипковски вели: Тој не беше сторител, туку жртва на манипулации и страв
Следна Статија Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс. Клубот од Орегон потврди…

July 18, 2025
СПОРТ

Медведев е заглавен во Дубаи

Поради војната во Иран и нападите врз цели во поширокиот блискоисточен регион, голем број тенисери кои се натпреваруваа на АТП…

March 3, 2026
СПОРТ

Доведоа шпански репрезентативец: РК Охрид станува сериозна конкуренција на Вардар, Алкалоид и Пелистер

Раководството на ГРК Охрид продолжува за ангажирање нови играчи со цел создавање конкурентен тим за највисок пласман следната сезона. Најново…

June 4, 2025
СПОРТ

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на последната свој седница донесе одлука да го намали бројот на клубови…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?