Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае
МАКЕДОНИЈА

Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае

Објавено October 11, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија вели дека ќе продолжи да работи како лекар и дека „ќе живее со своите подеми и падови“

Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше во центарот на скандалот со видео на кое меша бела прашкаста материја, вечерва се огласи со јавно извинување преку социјалната мрежа Фејсбук.

– Во врска со објавите на социјалните мрежи, изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример – вели  Кузмановски.

Тој додаде дека секој човек прави грешки, но важно е да се извлече поука.

– После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови – додава тој.

Кузмановски информира дека се повлекува од функцијата задоволен од резултатите постигнати со својот тим, но најави дека ќе продолжи да работи како доктор.

– Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам — да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата – истакна Кузмановски.

На социјалните мрежи вчера се појави видео на кое Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија и разговара со друго лице, при што се слушаат асоцијации поврзани со кокаин.

Министерот за здравство Азир Алиу веднаш го разреши Кузмановски од функцијата директор на Клиниката за неврологија, а од Министерството соопштија дека во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е Кузмановски, ја поддржаа одлуката на министерот Алиу и ги повикаа институциите да постапат согласно законот и утврдените процедури.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор
Следна Статија Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Вчера 651 прекршок регистриран преку „Безбеден град“, 585 за пребрзо возење

Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово бил регистриран земјотрес во 7 часот и 23 минути во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија известува дека потресот е со јачина од 2,2…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Дојран демантира дека има помор на рибата и бела пена на брегот на Дојранското Езеро

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги демантира вчерашните информации дека на брегот на Езерото, на потегот од Нов до Стар…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Прво проверка дали сте подобни, па после ќе полагате за дозвола за оружје

Преку новата апликација за оружје, целосно е променет процесот во МВР, сега наместо прво да плаќате за обука за поседување…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?