Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
ХРОНИКА

Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

Објавено October 11, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница која се наоѓа во центарот на Гостивар.

Министерството за внатрешни работи информира дека вооружени со автоматско оружје, тие влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле личноста да им го предаде златниот накит.

По извршувањето на грабежот, разбојниците побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Околу 19 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.

Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат и од Обвинителството информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот со украденото злато.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето
Следна Статија Мицкоски бара дијалог со сите општествени фактори: Не мислам на лидерска средба туку на мислења од академиците, професорите, младите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун…

June 29, 2025
ХРОНИКА

Пронајдена дрога на покривот на затворот Идризово

Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека околу 13.00…

July 31, 2025
ХРОНИКА

Измамен старец: Дај ми 50.000 денари, работам во МВР ќе ти завршам работа за болниот син

Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера во СВР-Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50.000…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Аларм од Народниот правобранител: Затворите остануваат со лоши услови

Несоодветни услови за сместување во дел од затворите, недостиг од здравствена заштита, недоволен број вработени и слаб напредок во спроведувањето…

June 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?