Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини
СВЕТ

Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини

Објавено October 12, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки по објавата на претседателот Доналд Трамп за дополнителни царини.

Министерството за трговија во Пекинг денеска соопшти дека Вашингтон долго време го злоупотребува принципот на национална безбедност, применува контроли на извозот, спроведува дискриминаторски мерки против Кина и еднострано ја проширува својата надлежност врз производи како што се полупроводници и компјутерски чипови.

Кина, исто така, ги обвини САД дека ги нарушуваат глобалните синџири на снабдување и ја повика администрацијата во Вашингтон да ги исправи своите „погрешни постапки“, да ги почитува резултатите од претходните трговски разговори и да ги решава заедничките грижи преку дијалог.

– Доколку САД инсистираат да продолжат по погрешниот пат, Кина сигурно ќе преземе решителни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси, соопшти министерството.

Трамп во петокот соопшти дека САД планираат од 1 ноември да воведат дополнителни 100 проценти царини на кинески увоз. Ова уследи по најавата на Кина за проширување на контролата на извозот на ретки минерали.

Кинеското министерство ја оправда својата мерка како легален напор за подобрување на системот за контрола на извозот, наведувајќи ја стратешката важност на ретките минерали за воени примени и глобалните конфликти.

Кина е главен светски производител на овие критични суровини, што ѝ дава значајна преговарачка предност во односите со САД, пренесе ДПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска едночасовни блокади на сообраќајот на родителите на жртвите во „Пулс“
Следна Статија Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се…

December 23, 2024
СВЕТ

Азербејџански патнички авион се урна во близина на аеродромот во Казахстан, десетици загинати

Патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ се урна за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град…

December 25, 2024
СВЕТ

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и…

April 6, 2025
СВЕТ

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Американскиот мултимилијардер Илон Маск, член на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изрази надеж дека меѓу Европа и Северна…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?