Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ според највисоки стандарди, ќе се реновира и КАРИЛ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ според највисоки стандарди, ќе се реновира и КАРИЛ
ЗДРАВЈЕ

Целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ според највисоки стандарди, ќе се реновира и КАРИЛ

Објавено October 14, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Целосно реновиран болнички оддел е отворен денеска на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Во рамки на оваа инвестиција, извршена е замена на сите прозорци, врати, подови и поставени се нови кревети за пациентите, со што одделот е комлетно обновен после повеќе од 20 години. Црвениот крст по повод 80-годишнината од неговото постоење донираше 22.000 евра за опремување на реновираниот болнички оддел.

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски изјави дека реновирањето на болничкиот оддел претставува значаен чекор напред во подобрувањето на здравствената заштита на пациентите.

– Со оваа инвестиција не само што добиваме современ и функционален простор, туку создадовме услови за највисоките медицински стандарди за подобра дијагностика, побрзо лекување и поголема удобност на пациентите. Денеска испраќаме порака дека грижата за човекот е во сржта на нашата работа. Нашите пациенти заслужуваат современи услови и највисок квалитет на услуга, а нашите лекари и медицински сестри заслужуваат средина во која можат да ја покажат својата професионалност и хуманост во најдобро светло. Со отворањето на целосно реновиран болнички оддел на ТОАРИЛУЦ правиме чекор кон помодерно, похумано и поефикасно здравство, рече доктор Мерџаноски.

Тој најави дека ТОАРИЛУЦ продолжува со проектите за: реновирање на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) која ќе биде опремена со најсовремена апаратура за интензивно лекување, реновирање на оперативниот блок, а во следната година спиналниот центар за операции на рбетен столб ќе добие најнова апаратура со навигација со автоматизирана роботска рака со која ќе биде на мапата на светските центри за лекување на болестите на рбетниот столб.

Во тек е, посочи тој, набавка на најнова апратура од сопствени средства, Декса скен за дијагностика на остеопороза и густина на коската.

– Донесени се нови борили за операции, две анестезиолошки машини кои ќе ги заменат 20-годишни старите апарати, најнов систем за вонтелесно прочистување на крвта, електро каутер за операции со аргон кој се користи при операции на тумори за безкрвно отворање на оперативното поле. Направен е сервис, оспособени се три рендген апарати кои беа надвор од функција и се набавува нов рендген, набавена е заштитна опрема од радијационо зрачење која со донација е за заштита на персоналот кој работи во оперативниот блок под рендген апарати. Седумгодишниот проблем со климатизацијата на оперативните сали на трауматологија е решен со поставување две клими за медицинска употреба со сите филтри кои ги задоволуваат стандардите. Набавени се со донација со што се намали бројот на инфекции од несоодветната климатизација. Ставен е нов елетростатски под во едната сала која не ги задоволуваше мерните стандарди, рече д-р Мерџаноски.

Потенцира дека ставена е во функција интерната перална која претпрела огромна штета поради несоодветно чување и сервисирање. Заедно со раководството на абдоминална хирургија, посочи тој, успеавме да ја ставиме во функција и се најде во моментот кога имаше проблем со пералните.

Направена е контрола на магацините каде е затекната катастрофална состојба, извршено е чистење и сега се користи како голем магацин според сите прописи со записи. Сите овие работи се направени во многу краток период благодарение на поддршката од премиерот Мицкоски и министерот за здравство Алиу, додаде Мерџаноски.

Министерот за здравство Алиу рече дека продолжуваат со инвестициите во здравствената инфраструктура кои се клучни за унапредување на условите за третман на пациентите.

– Инвестицијата на одделот за трауматологија е посебно значајна имајќи предвид дека на овој оддел се лекуваат пациенти во исклучително тешка здравствена состојба. Веќе е во напредна фаза и реновирањето на одделот КАРИЛ, така што навистина изминатиот период се реализирани бројни инвестиции за целокупно унапредување на условите во оваа врвна терциерна установа, рече Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил
Следна Статија Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух

Децении изложеност на високи концентрации на аерозагадување го поткопуваат имунолошкиот систем на жителите, вели професор Драган Ѓорѓев за Радио Слободна…

September 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак

Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до…

July 24, 2025
СПОРТ

Мизерија: Фудбалски клубови на родители им продавале опрема за деца која е донација од ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Денеска е Син понеделник

Дали сте слушнале за терминот ,,Син понеделник“(Blue Monday)? Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?