Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен!
ЗДРАВЈЕ

Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен!

Објавено October 6, 2024 12:10
Сподели
Сподели

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати во Собранието по повод Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка, една од најчесто дијагностицираните болести кај жените, но и кај мажите иако во помал процент.

-Ова е болест која може да погоди секого од нас. Без оглед на возраста, општествениот статус или етничката припадност. Ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жените. Статистиките покажуваат дека честотата на болеста, во послениве 30 години расте на глобално ниво и тој пораст изнесува 3,1% годишно, а морталитетот варира. Истражувањата покажуваат дека 1 во 8 жени, во својот живот, ќе развијат рак на дојка, рече таа.

Пратеничката сподели статистика дека околу две третини се на возраст над 55 години, додека останатите се меѓу 35-54 години.

-На светско ниво, бројот на новодијагностицирани случаи достигнува 2,1 милион новодијагностицирани. Иако оваа болест е една од најсмртоносните видови на рак кај жените, оваа болест ги погодува и мажите со учество од 1-2%, истакна Пешевска нагласувајќи дека потребата за рана дијагностика беше нагласена како клучна за лекување на оваа болест.

Пратеничката истакна дека „самоконтролите и контролите во самите лекарски установи можат да ни го спасат животот, а животот не заслужува изговори“.

Нејзината пораката до присутните беше јасна: редовните лекарски контроли треба да станат дел од нашиот живот.

-Драги жени, драги сестри, драги мајки, најдете време да се грижите за себе, исто како за вашите сакани, и не заборавајте дека секој преглед е важен, рече пратеничката Пешевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ранетиот во Чаир е ТИНЕЈЏЕР, кажал на полицијата кој пукал во него
Следна Статија Чемвено од Кенија е победник на 20. Виз Ер Скопски маратон, Ивановски го освои третото место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

Пандемијата на Ковид-19 била штетна за здравјето на мозокот, дури и кај луѓе кои никогаш не биле заразени, открива нова…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение

Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните…

November 11, 2024

3 работи што епизодата ‘8:00 AM’ на ‘Пит’ ги постигна точно за ВИ во медицината, и една големa грешка

Дали ВИ е навистина 98 проценти точен? Не толку брзо...

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?