Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад
ПОЛИТИКА

Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Објавено October 15, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за година и пол ја заглави економијата и го уназади напредокот на државата.

„Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста“, рече Филипче.

Но, не само во економскиот дел, со ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Филипче, државата назадува и политички.

„Мицкоски не ја носи државата напред туку ја влече назад. Во конфликти, во реваншизам, во поделби. И секогаш кога е соочен со критика заради својата неспособност вината е кај некој друг. Ова е политички кукавичлук“, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека 19 октомври е повик за враќање на нормалноста.

„На 19 октовмри одговорот е кај народот. Одговорот сте вие. Одговорот ќе дојде од секоја врата, од секое маало, од секое семејство кое веќе знае: доста беше. Време е за враќање на нормалноста. Време е за политика што носи резултати, не изговори. Време е за луѓе што се борат за другите, не за себе“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе се сретне со државниот врв
Следна Статија Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шилегов удри по Заев и Филипче во 2 по полноќ: СДСМ е заробена партија!

Во доцните часови, поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите , Петре Шилегов, предизвика внимание со објава…

October 25, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески објави на Фејсбук дека се повлекува од изборната трка во…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Прес24 вели дека јвниот превоз во Скопје…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?