Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството

Објавено October 15, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет на закони за реформите во судството.

Вели дека веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи, како што нагласи „не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени“.

Сиљановска-Давкова рече дека имало периоди кога државата била ревносна во поднесувањето на барања за мислења од Венецијанската комисија, но и кога воопшто не сме го правеле тоа, нагласувајќи дека се израдувала што на дневен ред на Венецијанската комисија се нашло барањето за давање мислење за законот за јавното обвинителство и дека поминал законот.

-Да, информирана сум дека министерот за правда целиот пакет на закони врзан за реформите во судството го пратил на Венецијанска комисија и добил мислења за тоа. Веднаш по завршувањето на локалните избори мора да стигнат законите во Собранието, бидејќи не може да имаме реформи во судскиот систем без да имаме законски промени и мислам дека тоа е еден добар потег, изјави Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на 15 Октомври – Меѓународниот Ден на белиот стап.

Иако не се задолжителни мислењата на Венецијанската комисија, Сиљановска-Давкова поттцрта дека препорачува сите закони, кога се во нацрт верзија да се праќаат до Венецијанската комисија, зошто како што рече, „таму седат врвни правници и тие се борците и заштитниците на владеењето на правото, наместо владеењето на поединиците“.

-Мислам дека тоа е добар потег и од следнава причина. Веќе нема да се оценува само хармонизацијата со европското право, туку и имплементацијата и тогаш два органи добиваат клучна улога. Венецијанската комисија, како комисија за владеење преку право и ГРЕКО (Група на држави против корупцијата). Ние мора да се подготвиме за тоа, рече Сиљановска-Давкова.

Всушност, посочи Сиљановска-Давкова, Венецијанската комисија затоа и била создадена во 90-тите година, за да им помогне на државите што излегоа од комунизмот да посегнат по донесување на либерални Устави и закони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето
Следна Статија Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пратениците од СДСМ ја напуштијата расправата за Резолуцијата за мигрантите која треба да ги осуди нивните лаги

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница, на која во тек се опозициски пратенички прашања, откако координаторот на…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое детално се објаснува…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Д-р Кедев искачи уште еден од 14 страшни врвови на Хималаите

Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. Познатиот македонски кардиолог и алпинист беше дел…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Картичките на ЈСП ќе можете да ги надополните и онлајн

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје воведе можност патниците да ги надополнуваат своите картички онлајн. „Одлична новина на skopjebus.mk, надополни картичка онлајн…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?