Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје
ПОЛИТИКА

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје

Објавено October 16, 2025 09:09
Сподели
Screenshot
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерна, иновативна и еколошки одговорна кампања, во која технологијата и одржливоста одат рака под рака.

Укажа дека во неговата кампањата се користат NFC дигитални картички, преку кои граѓаните со едноставно допирање на својот телефон може да ја видат целата програма на неговата веб страна www.orce.mk

Покрај тоа, неговата програмата е достапна и во печатена форма на бездрвна хартија, како симбол на грижата за природата и минималното влијание врз животната средина.

На веб-страницата е активен и виртуелен асистент, преку кој граѓаните можат интерактивно да се информираат за приоритетите, визијата и плановите на Орце Ѓорѓиевски за секоја општина во Градот Скопје.

„Верувам дека Скопје мора да биде предводник на паметни, зелени решенија. Кампањата што ја градиме денес е слика за Скопје што мисли дигитално, а делува еколошко одговорно,“ изјави Ѓорѓиевски.

 

@orgjorgjievskiВерувам дека Скопје мора да биде предводник на паметни, зелени решенија. Кампањата што ја градиме денес е слика за Скопје што мисли дигитално, а делува одговорно. Во кампањата се користат NFC картички, преку кои граѓаните со едноставно допирање на својот телефон може да ја видат целата програма на www.orce.mk. На веб-страницата е активен и виртуелен асистент, преку кој можете интерактивно да се информирате за приоритетите, визијата и плановите за секоја општина. Покрај тоа, програмата е достапна и во печатена форма на бездрвна хартија, како симбол на грижата за природата и минималното влијание врз животната средина. Промената не се кажува, се покажува, бидејќи зборовите се лесни, но делата тежат повеќе.

♬ original sound – Орце Ѓорѓиевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиер лигата воведува ограничување на платите? Клубските челници во паника: Ова може да нè уништи
Следна Статија Трамп: САД се во трговска војна со Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи,…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Бубо Каров не реагирал што го нарекувале „Северџан“

Откако ме прогласија за предавник и откако ме прогласија за Северџан, не реагирав. Искрено да кажам, никогаш и не сум…

October 22, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?