Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги

Објавено October 16, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“, вели Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски смета дека 45-50 од кандидатите за градоначалници низ општините, ќе бидат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овие избори би се задржал на оние прогнози кои што ги имавме пред да почне кампањата и чувствувам дека довербата кај граѓаните е таа која што ја имаме, и чувствувам дека бројките ќе бидат тие кои што ги кажав. Тоа е очекувана варијанта. Има и оптимистичка варијанта, која што дел од моите соработници ме убедуваат дека ќе се случи дека ќе бидеме над 50 градоначалници, но еве би се задржал до онаа моја проценка помеѓу 45-50 градоначалници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори е со јасно дефинирани цели и проекти, додека опозициската СДСМ уште од првиот ден води црна кампања.

-Таа понуда која што ја презентиравме на овие избори е со јасно дефинирани цели со проекти со термини, вредности итн. Од другата страна имавме исклучиво негативна и црна кампања, ad hominem напади, ниски страсти итн. Јас ниту во еден момент не навредив во оваа кампања никого, а за себе читав би било штосно во оваа кампања да ме најдат на парчиња спакуван во оној куфер што го најдоа во близината на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за којшто постоеше основано сомневање бидејќи имаше пријава за подметната бомба. Тоа е од новинар кој што важи близок до СДСМ, кое што ова раководство и одредени веб портали блиски до СДСМ го цитираат и го објавуваат. Вие да кажете дека не ме мразите туку ме презирате, што би требало да е ниво над мразење, навистина чудна некоја реторика, не личи на човек кој што е редовен професор, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ предлага забрана на социјалните мрежи за деца под 13 години
Следна Статија Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.…

May 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Касами: Ако се поделиме за етнички теми низ призмата на шовинизам, која би била разликата меѓу него и Али од Зајас, кого сака да го смени

Премиерот во денешниот говор подвлече дека сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?