Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За шест отсто се зголемил бројот на патници на двата аеродроми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За шест отсто се зголемил бројот на патници на двата аеродроми
ЕКОНОМИЈА

За шест отсто се зголемил бројот на патници на двата аеродроми

Објавено October 17, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2 585 096 патници што е зголемување од шест отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на летови, пак, во истиот временски период е зголемен за три отсто, односно двата аеродроми опслужиле 20 141 летови од почетокот на годината до септември.

Како што информира денеска ТАВ Аеродроми, за овој позитивен тренд на раст на бројките за овие девет месеци во голема мера влијаеа новоотворените осум линии од двата ародрома на почетокот на годинава, во соработка со авикомпаниите и Владата.

Во првите девет месеци од годината ТАВ Македонија го одржа позитивниот тренд на раст и стабилност, со што уште еднаш ја потврдивме успешноста на нашата долгорочна стратегија. Овие резултати не се случајни, тие се резултат на внимателно планирање и континуирана посветеност кон подобрување на услугите на двата македонски аеродроми. Убеден сум дека стабилниот раст ќе продолжи и до крајот на годината затоа што во наредниот период ќе стартуваат седум нови авио-поврзувања на земјава преку авиокомпанијата Виз ер и тоа од Скопје до Бари и Стокхолм, преку летовите кои ќе почнат на 27 октомври, а истиот ден ќе започне и авиорутата од Охрид до Базел. Ден подоцна, на 28 октомври главниот град се поврзува со Мадрид и Ларнака, а од 15 декември и со Прага и Келн. Дополнително, од 3 ноември Easyјet повторно ќе го поврзе Скопје со Женева, се вели во пишаната изјава на генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт. 

Тој очекува голем број патници поради новите летови кои веќе се најавени за идната година, како од Скопје до Будимпешта и до Неапол кои ќе почнат од 30 март 2026 година и од Охрид до Милано на 30 март, Вроцлав на 7 јуни и Катовице од 8 јуни.

– Оттука, сакам да посочам дека и во наредниот период ТАВ Македонија ќе продолжи да работи во насока на отворање на нови авиолинии и влез на нови авио-компании и на уште подобра поврзаност на Македонија со светот, вели генералниот директор на ТАВ Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа
Следна Статија Сообраќајка на патот Страцин-Кратово, возилата се движат наизменично по една лента

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година,…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

На чекор сме до дигитален паричник

Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани се Законот за електронските комуникации,…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?