Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одобрено во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одобрено во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН
МАКЕДОНИЈА

Одобрено во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН

Објавено October 17, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев.

-Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н. кој се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, стои во соопштението на судот.

Предметот ќе го суди судијката Биљана Смаќовска, а терминот сеуште не е утврден. Според обвинението, сопственикот на агенцијата немал склучено договор за обезбедување на дискотеката „Пулс“. Обвинителството по истрагата против него, тврдеше дека обвинетиот за цело време по катастрофалната несреќа им давал инструкции на обезбедувачите кои биле таа кобна ноќ на работа, кога се случи пожарот, а еден од нив бил и без лиценца.

– Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице, стои во обвинението против Нацев.

На обвинетиот ќе му се суди за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Обвинение против сопственикот на РУБИКОН очекувано е да се спои со големото против останатите 34 лица и три фирми, а тоа пред да почне судењето треба да го побара Јавното обвинителство.

Судењето за случајот „Кочани“ за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади луѓе, а 200 останаа повредени, ќе започне на 19 ноември во судницата во склоп на КПУ Идризово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанев: Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде казнет
Следна Статија 49.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Латас: Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија

Оввинителката Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски во посета на припадниците на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес при посетата на кочанскиот крај ги посети и припадниците на Доброволното противпожарно друштво…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје

Приватните превозници повторно се исклучија од сообраќај и се упатија кон Град Скопје за да го изразат своето незадоволство. Како…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката…

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?