Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Фискална едукација“ во основните и средните училишта – проект за поврзување на образованието со реалниот живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Фискална едукација“ во основните и средните училишта – проект за поврзување на образованието со реалниот живот
ЕКОНОМИЈА

„Фискална едукација“ во основните и средните училишта – проект за поврзување на образованието со реалниот живот

Објавено October 17, 2025 16:15
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува институционална рамка за заедничка реализација на проектот „Фискална едукација“. Меморандумот го потпишаа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и директорката на УЈП, м-р Елена Петрова.

Проектот „Фискална едукација“ ќе се имплементира во основните и средните училишта, преку организирани предавања, интерактивни работилници, симулации, натпревари, како и посети на даночната организација, со што учениците ќе имаат можност да се запознаат со улогата на даночниот систем и да ги надоградат своите знаења за фискалната писменост.

Фокусот на проектот е младите генерации да научат: што се даноци и зошто се важни, како функционира УЈП, како се пресметува, пријавува и плаќа данок, кои се граѓанските обврски и права поврзани со јавните приходи и кои се придобивките од одговорно и навремено исполнување на даночните обврски.

Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, изјави дека „Фискалната едукација е стратешка инвестиција во иднината – градиме фискално писмена и одговорна генерација граѓани“.

Според министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска:, „Преку овој проект, образованието се поврзува со реалниот живот, а учениците се подготвуваат да бидат активни и информирани учесници во општеството“.

Целта на проектот е да се поттикне развој на даночна култура заснована на знаење, свест и лична одговорност, разбирање, наместо на страв или принуда. Преку „Фискална едукација“ УЈП има за цел да создаде идни граѓани кои разбираат како функционира државата и кои активно придонесуваат за нејзината стабилност, правичност и развој.

Со „Фискална едукација“, институциите не само што градат знаење, туку и формираат вредности. Проектот го поврзува образованието со реалниот живот, го охрабрува младите да размислуваат критички, да дејствуваат одговорно и да ја препознаат својата улога во градењето на функционално и праведно општество. Проектот претставува долгорочна инвестиција во создавање на општество со поголема доверба во институциите и со поголема подготвеност да се учествува во јавниот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата
Следна Статија Божиновска во Лондон на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Епл пријавува најдобри досега продажби на iPhone, додека Mac бележи пад

Приходите на компанијата беа зголемени поради продажбата на iPhone, но продажбата на носливи технолошки уреди и Mac компјутери забележа пад.

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност,…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Во интервју за Катимерини, вицепремиерот и министер за транспорт на Македонија, Александар Николоски, ја истакна посветеноста на земјата за посилна…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?