Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анализа: За граѓаните и за фирмите, олеснување на кредитните услови, каматите во пад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Анализа: За граѓаните и за фирмите, олеснување на кредитните услови, каматите во пад
ЕКОНОМИЈА

Анализа: За граѓаните и за фирмите, олеснување на кредитните услови, каматите во пад

Објавено November 26, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Банкарската 2024 та ќе заврши со олеснување на условите за кредитирање и зголемена побарувачка на кредити и од граѓаните и од компаниите. Просечната камата за новоодобрените кредити за фирмите, по една година, за прв пат се намали под 5%, пишува Порталб.мк. Новата Анкета на НБМ покажува дека во последниот квартал банкарите очекуваат тренд на натамошно олеснување на условите за кредитирање. Заклучно со октомври фирмите и граѓаните на банките должат 7,7 милијарди евра што претставува годишен раст од 9,2%.

Кредитирање на компании

“За кредит од 10 000 евра до 3,5 милиони евра, со рок на отплата до 8 години, камата од 5,5%“

Ова е едена од  понудите на банките за кредитирање на компании. “Порталб“ направи увид во веб-страните на неколку познати банки, какви услови, односно камати и рокови, нудат за кредитирање. Дел од банките транспарентно ги објавуваат, но дел од банките не објавуваат податоци за каматите во делот на кредитирање на правни лица.

Со каков каматен и кредитен тренд ќе заврши оваа година? Според новата Анкета на НБМ, во овие последни три месеци од 2024 та побарувачката за кредити од страна на компаниите ќе се зголеми а каматите ќе се намалат. Ваков тренд очекуваат банкарите од големите и од средните банки, додека од малите банки најавуваат непроменети услови за кредитирање.

“За четвртиот квартал од 2024 година, банките очекуваат засилено нето-зголемување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата“ – се наведува во Анкетата на НБМ.

                                                     Камати за компании

                                                  Септември 2023                           Септември 2024

Вкупни кредити                      5,37%                                                 5,15%

Новоодобрени кредити        5,30%                                                 4,78%

Каматата за новоодобрените кредити за компаниите, втор пат годинава ( прв пат во март), во септември се спушти под 5% додека просечната камата на вкупните кредити за компаниите изнесувала 5,15%, и е на најниско ниво од септември 2023 та година.

Најновите податоци од НБМ покажуваат дека на крајот од октомври  компаниите на банките по основ на кредити должеле 3,74 милијарди евра, сума која на годишно ниво е зголемена за 10,4% и е највисок годишен раст во текот на оваа година.

Кредити за домаќинства 

Пониски камати и провизии за станбени кредити, зголемена побарувачка за потрошувачки кредити. Овој тренд во третиот квартал од годинава се очекува да се одржи до крајот на 2024.

                                                     Камати за домаќинства

                                                  Септември 2023                           Септември 2024

Вкупни кредити                       5,61%                                                 5,66%

Новоодобрени кредити        5,47%                                                 5,27 %

Според податоците од НБМ, просечната камата на вкупните кредити за домаќинствата заклучно со септември изнесувала 5,66% и за разлика од каматите за фирмите, таа е зголемена за 0,05 пп на годишна основа. Но, новоодобрените кредити се нудат со камата која е пониска на годишно и на месечно ниво.  Банките веќе нудат долгорочни кредити со фиксна камата во период и до 10 години, што се смета за сигнал дека може да се очекува натамошно олабавување на кредитните услови во делот на каматната политика. Еве дел од понудите на банките :

“За кредит до 25 000 евра, со рок на отплата до 10 години , камата од 5% до 5,2 % во зависност од видот на осигурувањето“

“Станбен кредит со камата до 150 000 евра со рок на отплата од 50 години и фиксна камата од 3,45% во првите пет години и фиксна камата  од 3,90% во период од 10 години“

Банкарите со различни проценки за тоа какви ќе бидат кредитните услови за домаќинствата до крајот на годинава. Така менаџерите на големите банки очекуваат олеснување на кредитните услови и зголемување на побарувачката на кредити, банкарите од средните банки најавуваат дека нема да има промена во условите за кредитирање додека пак оние од малите банки дури најавуваат и заострување.

“Очекувања за четвртиот квартал на 2024 година: нето-олеснување на кредитните услови, при нето-зголемување на побарувачката на кредитите на домаќинствата“ – се наведува во Анкетата.

На крајот на октомври вкупната кредитна задолженост на домаќинствата во банките изнесувала 3,98 милијарди евра со раст од 8,2% на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од притвор ИТНО пренесен на интензивна нега: Екс-министерот Весиќ со влошена здравствена состојба поради штрајкот со глад
Следна Статија Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нвидиа зделката е голема победа за вработените и инвеститорите во Гроќ

Социјалните медиуми се полни со прашања за необичниот договор и неговото значење за вработените во Гроќ

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Царинска управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

За 778,3 милиони денари или 7,7% е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Светска премиера на Toyota GAZOO Racing и Lexus: GR GT, GR GT3 и Lexus LFA Концепт

Иновативни спортски автомобили кои ги потенцираат врвните инженерски вештини на Toyota

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите категории во Буџетот

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, истакна дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?