Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена
ЕКОНОМИЈА

Мазутот поевтин, бензините и дизелот остануваат со иста цена

Објавено October 18, 2024 21:51
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58 % во однос на одлуката од 14.10.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,037%, кај дизелот за 4,128%, кај екстра лесното масло исто има намалување од 4,398% и кај мазутот намалувањето е за 4,617%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5556%.

Од 19.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,212 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,295 ден/кг и сега изнесува 43,212 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.10.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања
Следна Статија УЈП со апел: Даночни обврзници не чекајте, навреме поднесете ги ДДВ-04 пријавите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јапонски службеник предупредува за нагло слабеење на јенот

Тргувачите гледаат висок потенцијал за владина интервенција за поддршка на валутата

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) денеска упати повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика,…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?