Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Венко нека се држи до медицината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Венко нека се држи до медицината
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Венко нека се држи до медицината

Објавено October 17, 2025 20:37
Сподели
Сподели

„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се држи до тоа до коешто е добро, а тоа е неврохирургијата, односно лекарскиот занает. Неговите претходници ми држеа лекции, па видовме како завршија, ако било толку добро, а тоа е од 2022 надвор од владата, тогаш немало тие да бидат во дебела опозиција и со оние бројки како што ги имаат сега и во парламентот и генерално во јавното мислење. Но, повторно она коешто тој го кажува е акт дека не е вистина“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител телевизија во Тема на денот.

Мицкоски нагласи дека во владите на СДСМ во 2022 и 2023 година, буџетскиот дефицит не бил под 5-5,5%, а во однос на инфлацијата, како што вели тој сега е под 4%, додека за време на владеење на СДСМ била двоцифрена и достигнуваше во 2022 година 14,2%.

„Вчера спомена, а и во прес-конференцијата дека буџетскиот дефицит до крајот на годината ќе биде една милијарда и 400 милиони евра. 15-ти октомври, значи 2 и половина месеци пред да заврши оваа година буџетскиот дефицит е 560 милиони евра. 40% од тоа што тој го кажува како проект. А до крајот на годината може максимум да дојде еве до 600-650 милиони евра, и да ги следи капиталните инвестиции. Тоа е 3,4% од БДП. Во владите на СДСМ 2023,2022, ајде 2021 и 2020 не ги сметаме тогаш сè уште беше короната, еве ќе ги оставиме“, кажа Мицкоски и додаде:

„2022, 2023 тие немаат година под 5, 5 и пол% буџетски дефицит. Зборува за инфлацијата многу биле високи 4%. Од јануари до септември се 4% до крајот на годината убеден сум дека ќе ја видиме 3ката, а следната година ќе бидеме помеѓу 2 и 3%, што е најниско во регионот. Ајде да видиме како било 2023. 9,4%. Како било 2022, 14,2%. Сега 2022 14,2% е малку, 2023 9,4% е уште помалку, а 2025 под 4% е многу“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија
Следна Статија Старица од Скопје измамена за 36.300 евра за лажна сообраќајна несреќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Владата веќе подолго време нема легитимитет, бидејќи, како што…

May 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ,…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат „балансерот“ за етнички вработувања. Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги осудува последните случувања околу оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција,…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?