Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови
МАКЕДОНИЈА

Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови

Објавено October 18, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.

Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Најмногу глсачи има во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор.

Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8.851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат. До ОИК пристигнале 9217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, а прифатени беа само 8.851.

Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.

Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Право на глас на Локалните избори имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Гласањето започнува во 7:00, а завршува во 19:00 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца мртви и 35 повредени во тешка автобуска несреќа во Србија
Следна Статија Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Студено утро, сончево и потопло во текот на денот

Најстудено утрово е во Берово со нула степени и во Лазарополе со еден, а најтопло во Гевгелија девет степени. Во…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески

Под мотото „Ангел си ти“ фановите од Македонија, од Србија, Хрватска, од Бугарија во Спомен-куќата за Тоше, во Крушево го…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонец исчезнат по пожарот во Швајцарија, семејството бара помош

Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?