Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески од САД: ММФ очекува раст за македонската економија од 3.4% годинава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески од САД: ММФ очекува раст за македонската економија од 3.4% годинава
ЕКОНОМИЈА

Славески од САД: ММФ очекува раст за македонската економија од 3.4% годинава

Објавено October 18, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ. На средбите присуствуваше и министерската за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, соопштија од Народната банка.

Гувернерот Славески се сретнал со заменик-директорот на ММФ, Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер, извршниот директор Јерун Клик, заменик-директорите Марникс ван Рај и Владислав Рашкован и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили.

На средбите, високите претставници на ММФ искажале задоволство од приклучувањето и извршувањето на првите трансакции во СЕПА, како и од потпишувањето на Писмото на намери со Банката на Италија за развивање клон на ТИПС на ЕЦБ за земјите од Западен Балкан за натамошна модернизација и за овозможување инстант плаќања во домашните, во меѓусебните прекугранични финансиски активности и во финансиските активности со другите земји во СЕПА.

На средбите се разговарало за најновите макроекономски случувања во земјава, како и за очекувањата за идните движења. Гувернерот Славески истакна дека Народната банка е цврсто посветена на одржувањето на ценовната стабилност, за што се осврна на мерките преземени од страна на централната банка за остварувањето на оваа цел. Исто така, гувернерот ги образложи новите макропрудентни мерки донесени од Народната банка насочени кон понатамошно одржување на финансиската стабилност.

Претставниците на ММФ посочиле дека претпазливата монетарна политика што ја спроведува Народната банка придонесува за ефективно управување со ризиците и за постепено намалување на инфлацијата, при што се создаваат услови за стабилен економски раст, што се потврдува и со најновите проекции на ММФ за македонската економија, со очекуван раст од 3,4% годинава, а за следните години се очекува дека нивото ќе се задржи околу 3%. Истовремено, се очекува натамошно забавување на инфлацијата по што би се свела на историското ниво од околу 2% на среден рок.

Во разговорите била потврдена и постојаната успешна соработка меѓу Народната банка и ММФ.

„Во изминатиот период, преку техничките мисии на ММФ беа остварени повеќе активности за модернизација на монетарните операции, подобрување на проекциите за ликвидноста на банкарскиот систем и за зајакнување на супервизорските капацитети на Народната банка. Со тоа се зголемија ефикасноста и предвидливоста во спроведувањето на монетарната политика, како и отпорноста на банкарскиот систем на потенцијални ризици. Соработката со ММФ ќе продолжи и во наредниот период, заради понатамошно усогласување со меѓународните стандарди и за унапредување на аналитичките и оперативните капацитети на Народната банка, се вели во соопштението на Народна банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ
Следна Статија За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Берзата достигна досега невиден врв – Dow Jones премина 50.000 поени

Dow Jones Industrial Average заврши на историски рекорд од 50.115,67 поени во петок, со пораст од над 1.200 поени за…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вработените во администрацијата си одат – мора да им пораснат платите за 30%

Нема Министерство или институција во која досега одржавме состанок каде раководителите и менаџерите самите не се свесни дека ќе има…

January 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за…

December 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?