Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура
МАКЕДОНИЈА

Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура

Објавено October 19, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Министерот Зоран Љутков очекува дека три-четири месеци ќе потраат процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзалната сала.

Како што рече Љутков во Дневникот на ТВ Сител, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во Министерство за култура и туризам.

Мора да се направи промена на закони, има пет-шест чекори кои треба да се направат. Тоа можеби ќе потрае три-четири месеци… Проектот е во ред, не го оспоруваме, немаме ништо против изведувачот кој досега ги изведувал работите, во првата фаза, рече Љутков.

Министерот посочи дека изведувачот можеби нема да биде ист и за втората фаза од проектот, која е стопирана.

Значи, повторно ќе се распише тендер, бидејќи проектот не е целосно затворен. Во проектот го нема уредувањето на платото и го нема мебелот во Универзална сала. Ќе побараме да се направи и тоа за да имаме проект „клуч на рака“, рече министерот.

Љутков соопшти и дека помеѓу првата и втората фаза се уште немаат извештај за настанатата штета, немаат пресек што е направено и ја немаат проценетата вредност на вкупниот објект.

Министерот за култура одговори потврдно на прашањето дали гарантира дека Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 кога треба да биде Европска престолнина на културата, со оглед на процедурите што претстојат.

Подобро да оди побавно,, но легално „и така како што треба“. Ако продолжиме вака, јас носам кривична одговорност и ќе бидам оспоруван и нема да го имаме проектот ни до 2028 година кога Скопје треба да биде Европска престолнина на културата, додаде министерот.

Љутков соопшти дека за 20-ина дена Министерството за култура треба законски да го преземе секторот туризам кој досега беше дел од Министерството за економија.  Потоа ќе почнат да работат на програмата за туризам за 2025 година, како и на заедничкото работење односно промоција на културниот туризам.

Љутков додаде дека кога ќе го преземат целиот ресор кај нив, ќе почнат да работат на стратегија за туризам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Отповикување на градоначалник да биде преку референдум
Следна Статија Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Блажевска за Судски совет: Сите да поднесат оставка, и тоа сигурно ќе им биде најсветлата точка во кариерата

По сите пропусти, скандали и грешки, единственото нешто што треба да го направат е сите да поднесат оставка. И тоа…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на свеченото пуштање на експресниот пат Страцин – Крива Паланка: Нема поубав начин да се започне Новата година, очекувам целосно да заживее источниот дел на Македонија

Нема поубав начин да се започне Новата година со отварање на еден ваков капотален проект што ќе остане децении, векови…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?