Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како се избира градоначалник во прв круг?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Како се избира градоначалник во прв круг?
МАКЕДОНИЈА

Како се избира градоначалник во прв круг?

Објавено October 19, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го освојат градоначалничкиот мандат уште во првиот круг од гласањето.

Како се победува во првиот круг?

Изборниот систем е мнозински, но предвиден е и цензус.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови (50 отсто плус 1) од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО: Не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело
Следна Статија Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тоше отишол во дискотеката во Кочани да го прослави раѓањето на синот, но не успеа да се спаси од пожарот

Триесетгодишниот Тоше Богданов е еден од 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пријателите на Богданов сведочат дека тој…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворена истрага за смртните закани на БУГАРСКИ ЕКСТРЕМИСТИ кон известувачот за Македонија во ЕП

Отворена истрага за заканите врз известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц. Вајц во интервју за ТВ 24 вели…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поголем дел од Скопје утрово остана без вода

Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“

Лидерите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе се сретнат во Драч…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?