Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го оствари своето право на глас на локалните избори.
-Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше, изјави Мицкоски по гласањето.
Нагласи дека Македонија заслужува подобро и очекува денеска таков да биде изборот на граѓаните.