Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон
СВЕТ

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон

Објавено October 19, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол.

Премиерот не бил во областа во моментот на нападот. Според истиот извор, нема повредени.

Претходно, израелската армија соопшти дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, во близина на домот на Нетанјаху.

Во инцидентот нема повредени, а пресретнати се уште два дрона.

Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.

Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море.

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните
Следна Статија Според предвидувањата на Нострадамус и Баба Ванѓа, ќе имаме тешка 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сега е јасно зошто Трамп сака да го земе Гренланд: Под мразот се крие вистинско богатство

Вниманието на новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера се врати на идејата што го фасцинираше со години - САД да ја…

January 8, 2025
СВЕТ

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот…

June 16, 2025
СВЕТ

Трамп: Израел треба да ги нападне иpанcките нyклеаpни поcтројки

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп смета дека Израел треба да ги нападне иранските нуклеарни постројки како…

October 5, 2024
СВЕТ

Koга ќе има бел чад над Ватикан?

 Конклавата за избор на нов папа, илјадагодишниот ватикански мистериозен обред, започнува со влегувањето на кардиналите изборници во Систинската капела, по…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?