Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр
СВЕТ

Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр

Објавено October 20, 2025 19:54
Сподели
Сподели

Во неделата наутро, Париз беше потресен од спектакуларен грабеж во музејот Лувр, каде четворица крадци во рок од само седум минути успеале да избегаат со колекција од „непроценливо“ скапоцен накит – дијаманти, смарагди, сафири и крунски украси што некогаш им припаѓале на француските кралици.

Како се случил грабежот

Според париската полиција, осомничените пристигнале во две возила – камион и два мотори. Маскирани како градежни работници, облечени во жолти елеци и со поставени сигнални конуси околу камионот, тие симулирале градежни активности на улицата покрај музејот, во близина на Сена.

 

Користејќи мобилна подвижна скала, какви што користат служби за транспорт на мебел, се искачиле до вториот кат и влегле преку терасата во прочуената Аполонска галерија, каде се изложени дел од највредните крунски накити на Франција. Со електричен сечач ја пробиле прозорската рамка и се влегле во музејот, активирајќи ја алармната сирена што продолжила да ѕвони додека тие излегувале.

 

 

Внатре, според полицискиот извештај, крадците скршиле две витрини – една со накитот на Наполеон и друга со крунските накити на Франција – и однеле девет парчиња со „непроценлива“ вредност.

 

Што било украдено

Меѓу украдените предмети, според француското Министерство за култура, се наоѓале:

 

дијадема (круна) од колекцијата на кралиците Мари-Амелија и Ортенз,

смарагдено ѓерданче и пар обетки што ѝ припаѓале на Мари-Луиза, втората сопруга на Наполеон,

голема брош-кокарда што ја носела императорката Евгенија.

Пред да побегнат, осомничените се обиделе да го запалат мобилниот лифт што го користеле, но неуспешно. Потоа побегнале со моторите, исчезнувајќи во центарот на Париз.

 

Истрагата во тек

Француските власти потврдија дека случајот се третира како организиран криминал и кражба со предумисла, а истрагата ја води специјализираната Бригада за сузбивање на бандитизам при Националната полиција. Околу 60 истражители работат на случајот, а според обвинителката Лор Бекуо, се истражува и можноста за странска вмешаност, иако засега се третира како внатрешен случај.

 

Министерот за внатрешни работи Лоран Нинез изјави дека „сè се прави за сторителите да бидат фатени што е можно побрзо“.

 

Реакцијата на Макрон и јавноста

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече грабежот „напад врз француското наследство кое е дел од нашата историја“. Тој вети дека државата ќе направи сè за накитот да биде пронајден и вратен во музејот.

 

Лувр веднаш беше затворен за посетители, а во понеделникот објави дека ќе остане затворен додека трае истрагата. На туристите кои купиле билети ќе им биде извршен поврат на средствата.

 

Полицијата сè уште нема трага за осомничените, но истражителите потврдија дека кражбата била изведена професионално, со прецизна координација и познавање на безбедносните процедури во музејот.

Франција, позната по строго чуваните музеи, не памети толку смел грабеж на културно наследство во последните неколку децении.

Извор: Abcnews

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хорор во регионот: Мајка се породила и го фрлила бебето во тревник, ја пронашле крвава на влез од зграда
Следна Статија Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од…

August 5, 2025
СВЕТ

Украина ја нападна Москва со десетици дронови – руските напади одзедоа животи на цивили

Руските власти соопштија дека собориле повеќе од 80 украински дронови насочени кон Москва преку ноќ, додека руските напади низ Украина…

June 22, 2026
СВЕТ

Трамп ги одложи царините за Мексико за еден месец

Мексико и Соединетите Држави постигнаа едномесечен договор за спречување на царините и претстојната трговска војна, чија закана предизвика пад на…

February 3, 2025
СВЕТ

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?