Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК со официјални резултати: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 ќе има прегласување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК со официјални резултати: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 ќе има прегласување
МАКЕДОНИЈА

ДИК со официјални резултати: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 ќе има прегласување

Објавено October 21, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно примените оригинални записници од сите ОИК во текот на денешниот ден, во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг ќе одат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови, нема цензус, рече Кондарко.

Во четири општини каде што не се исполнети законските услови за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, ќе се повтори целиот прв изборен круг и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.

Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

ДИК вечерва ги соопшти и освоените советнички мандати по опшини на Локалните избори.

-Со тоа ДИК ги објави целокупните првични официјални резултати од гласањето на локалните избори за избор на градоначалник на општините, за советници во општините, како и за избор на градоначалник на Скопје и за Советот на град Скопје. Рокот за приговори за сумираните резултати тече 48 часа почнувајќи од 22 часот вечерва, завршувајќи  во среда на 22-ри, до 22 часот, рече Кондарко.

Тој потсети дека во меѓувреме од вчера тече и рокот за постапката за евентуални приговори за текот на гласањето.

-Тој рок започна од вчера од 19 часот и завршува до утре, вторник во 19 часот. Приговорите се поднесуваат директно до ДИК. Поднесување приговри по пошта и по електронска пошта не се дозволени, потенцира Кондарко.

ДИК вечерва како неосновани ги отфрли приговорите за наводни нерегуларности во изборниот процес поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска за градоналалник на општина Центар и на Група избирачи Јане Димески за советничка листа за општина Центар.

Претходно ДИК ја затвори 147 седница, која беше започната завчера, бидејќи како што кажа претседателот на ДИК, Борис Кондарко, во меѓувреме нема пристигнато нови приговори по однос на заштита на лично избирачко право.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу
Следна Статија Куновска распали по СДСМ: Партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА: Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“

Во сабота Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар. Во сабота, на 5…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ

Граѓаните се уште го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Европската Унија, тие остануваат посветени. Ние сакаме да го комплетираме патот…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?