Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ

Објавено October 21, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33.

На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС – Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и Старо Нагоричане се општини каде што локалната власт ја водеше СДС и каде што граѓаните, кадрите на дуото Заев-Филипче ги испратија во “пензија”.

ВМРО-ДПМНЕ овие избори доби околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно до 302.000 гласови. Споредбено со 2021 година и локалните избори, очигледен е растот на гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини:

1.Берово,

2.Битола,

3.Босилово,

4.Бутел,

5.Василево,

6.Вевчани,

7.Велес,

8.Гази Баба,

9.Гевгелија,

10.Ѓорче Петров,

11.Градско,

12.Делчево,

13.Демир Хисар,

14.Зелениково,

15.Илинден,

16.Јегуновце,

17.Кавадарци,

18.Карбинци,

19.Кисела Вода,

20.Кратово,

21.Новаци,

22.Ново Село,

23.Охрид,

24.Петровец,

25.Пехчево,

26.Прилеп,

27.Радовиш,

28.Ресен,

29.Свети Николе,

30.Сопиште,

31.Старо Нагоричане,

32.Струмица и

33.Штип,

Додека пак водиме во:

1.Валандово

2.Дојран

3.Конче

4.Демир Капија

5.Неготино

6.Виница

7.Зрновци

8.Македонска Каменица

9.Кочани

10.Чешиново-Облешево

11.Пробиштип

12.Ранковце

13.Карпош

14.Аеродром

15.Брвеница

16.Македонски Брод

17.Кичево

18.Дебрца

19.Могила

20.И градот Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.

Со одвоени 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку.

Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред.

Оваа историска победа и доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и за избраните градоначалници и советници, претставува чест, но и обврска да продолжи посветената работа за развој и напредок на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено, често и принципиелно да работи во интерес на граѓаните, стои во соопштението на партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас
Следна Статија Објавена фотографија која најавува можна соработка на ДУИ и Левица во вториот круг: Зашто разговараа Муса Џафери и Реџеп Исмаил Хактан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале границa

Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони…

February 11, 2026
ПОЛИТИКА

За малку ќе се судреле на улица: Рубин Земон од СДСМ случајно се сретнал во Софија со Виктор Стојанов

Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, реагираше на објавата фотографија помеѓу него со бугарскиот провокатор Виктор Стојанов. Тој…

May 22, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

Во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија. Косопственик на Македонска фирма е…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?