Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница – во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница – во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница – во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот

Објавено October 22, 2025 11:54
Сподели
Сподели

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп.

Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Набрзо по стапувањето на функцијата, лани 2024 година, сегашниот директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Кире Јоноски,  во повеќе наврати на прес-конференција изјави дека биле забележани неправилности во финансиското работење на Болницата и дека болницата ја наследил со долг од речиси 193 милиони денари.

Во текот на денот се очекуваат информации за случајот од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ
Следна Статија Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски на ифтарска вечера

Премиерот Мицкоски вечеева присустуваше на ифтарска вечера.Тој истакна дека овие собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста и…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е голем празник: За многу години „Иванден“

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со текстот што професорот Венко Андоновски го објави на социјалните мрежи:…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?