Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се бара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се бара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
ХРОНИКА

Се бара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Објавено October 22, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа болница .

-Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица (од Прилеп, Битола, Скопје) предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки, вели Јасмина Шишковска претседателка на Основен суд Прилеп.

Се очекува во Прилепскиот суд да бидат донесени приведените лица за случајот со финансиското работење на Прилепската болница.

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп.

Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Набрзо по стапувањето на функцијата, лани 2024 година, сегашниот директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Кире Јоноски, во повеќе наврати на прес-конференција изјави дека биле забележани неправилности во финансиското работење на Болницата и дека болницата ја наследил со долг од речиси 193 милиони денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад
Следна Статија (Видео) Митески за алармантната состојба со отпадот: Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст. Минов во два мандати…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Киднапирана девојка во Струга, утрово се појавила во скопска болница

Рано утрово во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга,…

June 12, 2025
ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?