Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи
ЕКОНОМИЈА

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Објавено October 22, 2025 19:19
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што, како што велат од УЈП, пристапот станува поедноставен и побрз.

-Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-Персонален данок. Имплементиран е и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот достапен на линкот кон кој ве води самото апликативно решение, ги информира УЈП даночните обврзници.

Со воведување на оваа можност, велат од УЈП, сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи.

-Како дел од процесот на унапредување, во текот на вчерашниот ден се појавија краткотрајни технички предизвици. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање во тие моменти. Доколку се соочите со какви било потешкотии или ви е потребна техничка помош или поддршка, контактирајте го ИНФО ЦЕНТАРОТ на Управата за јавни приходи. Контакт телефон: 0800 33 000 (од фиксни линии), 02/3253 200 или е-пошта: info@ujp.gov.mk, им посочува Управата на даночните обврзници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За криминал во прилепската болница: Притвор за шест лица, на 19 мерка за претпазливост
Следна Статија Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од регулаторот зависи дали струјата ќе поскапи, рече Мицкоски

Околу евентуалното зголемување на цената на струјата од јануари, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на провизиите е индивидуална одлука на банките, но се разгледуваат опциите, велат од Банкарската асоцијација

Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?