Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон

Објавено October 22, 2025 20:24
Сподели
Сподели

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, како што преку Икс информираа од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин Курти, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Амер Капетановиќ и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу.

Нашата земја на Самитот во Лондон учествува со владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, додека пак од Грција е министерот за надворешни работи, а од грчкото МНР соопштија дека главните теми на Самитот се „зајакнување на регионалната безбедност, справување со нелегалната миграција и промовирање на регионалниот економски развој“.

Премиерот Мицкоски и шефот на грчката дипломатија Герапетритис куса средба имаа и на маргините на ланскиот Самитот на Берлинскиот процес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи: Ароганцијата на некои во ВРЕДИ е одвратна
Следна Статија Ден на македонската револуционерна борба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, по целосно спроведени…

June 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Со божја помош пожарот во Дојран е изгаснат, напиша градоначалникот на Дојран

Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, вчера качен на камион се увери дека пожарот е изгаснат, а во чие гаснење помогна…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата- близначиња и стручен надзор во прилепската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?