Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта
СВЕТ

Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта

Објавено October 23, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Американското Министерство за финансии воведе нов пакет санкции против две најголеми руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел да изврши притисок врз Москва да прифати мировни преговори за Украина.

Министерот за финансии Скот Бесент изјави дека санкциите се наметнати бидејќи Путин одбива да ја прекине бесмислената војна, додека претседателот Доналд Трамп ги нарече мерките огромни и порача дека се надева оти нема долго да бидат потребни.

Санкциите следат по најжестоките руски напади врз украински градови во последниот месец, во кои загинаа најмалку седум лица. Трамп претходно потврди дека планираниот состанок со Путин во Будимпешта е откажан.

Вашингтон со ова се приклучи на Обединетото Кралство, кое минатата недела воведе слични мерки. Според британската влада, „Росњефт“ и „Лукоил“ извезуваат над 3 милиони барели дневно, што претставува околу 6 отсто од светското производство на нафта.

Бесент нагласи дека Путин не преговара искрено и отворено и најави можни нови казнени мерки ако Москва не прифати прекин на огнот.

Во Белата куќа, Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараа за мировниот план што предвидува замрзнување на фронтот, размена на заробеници, враќање на депортираните деца и економски притисок врз Русија.

Москва, пак, го одби предлогот и повтори дека Украина мора да се повлече од Донбас.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД да дозволат испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“, сметајќи дека нивната закана би можела да ја натера Русија на сериозни преговори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо
Следна Статија Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Фото: Автомобил се заби во капијата на американската тајна служба во Вашингтон

Автомобил удри во капијата на Американската тајна служба во Вашингтон, соопшти денеска Прес-службата на организацијата. - Едно лице удри со…

October 22, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Убиен еден од клучните оперативци на украинската служба за безбедност во Киев

Висок функционер на Украинската безбедносна служба (СБУ) Иван Воронич беше убиен денеска во округот Холосиевски. Полицијата претходно денеска извести за…

July 10, 2025
СВЕТ

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во…

August 16, 2025
СВЕТ

(Видео) Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините

Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина.…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?