Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај
СПОРТ

Роман Абрамович подготвен да го купи Галатасарај

Објавено October 23, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Поранешниот сопственик на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, планира да се врати во европскиот фудбал со купување на турскиот гигант Галатасарај, тврдат објавуваат турските медиуми.

Според весникот „Создзу“, Абрамович е во напредни преговори за преземање на поголемиот дел од акциите на истанбулскиот клуб, а наводно веќе купил луксузна вила во Истанбул, што дополнително ги разгорува шпекулациите. Сепак, за реализација на оваа купопродажба, ќе му треба дозвола од турските власти.

Абрамович го презеде Челзи во 2003 година и оттогаш го водеше клубот до нивниот најголем успех досега, вклучувајќи две титули во Лигата на шампионите, две Лиги на Европа и пет титули во англиската Премиер лига. Тој го продаде клубот во 2022 година по санкциите воведени поради војната во Украина.

Поради сегашните ограничувања за руските сопственици во повеќето европски национални шампионати, Турција се појавува како логичен избор за неговото враќање, а Галатасарај, актуелниот шампион, е најзначајното име.

Галатасарај ја отвори сезоната со девет победи во 11 натпревари, а во третото коло од Лигата на шампионите вчера со 3:1 го победи норвешкиот Боде/Глимт.

Историски гледано, Галатасарај го освои Купот на УЕФА во 2000 година и Суперкупот на УЕФА истата година, а нивниот најголем успех во Лигата на шампионите е забележан во 2013 година со пласман во четвртфиналето

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза
Следна Статија Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Митев погоден со шише за време мечот против АЕК Атина

Инцидент на натпреварот од Европскиот куп на ЕХФ меѓу АЕК Атина и македонскиот Алкалоид на второто полувреме. Дел од домашната…

May 18, 2025
СПОРТ

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со…

June 5, 2025
СПОРТ

Лазаров: Не сакам да се правдам, но кога ќе досудат 12 пенали против вас…

Селекторот Кире Лазаров е разочаран од случувањата на теренот на мечот со Холандија, вели дека тоа било се само не…

January 17, 2025
СПОРТ

(Видео) Матурин херој од сенка – Индијана ја победи Оклахома

Кошаркарските Индијана Пејсерс го добија третиот натпревар од финалната серија на НБА против Индијана на домашен терен со 116:107 и…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?