Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот, сподели утрово кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
„Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” да се загрози здравјето на нашиот народ. За неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато“, порача Ѓорѓиевски и им вети на граѓаните дека го имаат неговиот збор.
Тој упати огромна благодарност до општина Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено одговорните компании кои помогнале.