Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години
СВЕТ

Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години

Објавено October 23, 2025 18:16
Сподели
Сподели

Британскиот крал Чарлс и папата Лав денеска оддржаа заедничка молитва во Систинската капела во Ватикан, во првата заедничка служба на англиски монарх и католички поглавар откако кралот Хенри VIII се прогласи за поглавар на Англиканската црква, одвојувајќи се од папската власт на Римокатоличката црква во 1534 година.

Латински песни и англиски молитви одекнуваа низ капелата, каде што пред шест месеци Лав беше избран за прв американски папа од страна на католичките кардинали во светот, објавува Гардијан.

Чарлс, врховен поглавар на Англиканската црква, седеше лево од папата во близина на олтарот на капелата, додека папата Лав и англиканскиот надбискуп Стивен Котрел ја водеа службата, на која настапи хорот на Систинската капела и два кралски хора.

Иако Чарлс се сретна со последните три папи, од кои Јован Павле II и Бенедикт XVI ја посетија Велија Британија, нивните претходни состаноци никогаш не вклучуваа заеднички молитви.

Кралот Чарлс и кралицата Камила, кои го посетија Ватикан претходно оваа година за да го видат папата Франциск, утрово имаа и приватна аудиенција со папата Лав XIV.

Попладнето, британскиот крал ќе отпатува во римската базилика „Свети Павле“ која е надвор од ѕидините, една од четирите најпочитувани цркви во католицизмот, каде што ќе му биде доделена титулата „кралски конфрат“ или член на братството.

Кралот се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Нема да гинеме за Украина
Следна Статија (Видео) Шкендија со авто-гол го победи Шелбурн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Мадуро префрлен во притвор во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан…

January 4, 2026
СВЕТ

Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс, ЕУ оди во лоша насока

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа Икс (X) на…

December 9, 2025
СВЕТ

ВО ЖИВО Почна пренесувањето на телото на папата

Во Каза Санта Марта, кардиналите се собрани во молитва. „Го придружуваме Френсис на ова последно патување, со сите добри дела…

April 23, 2025
СВЕТ

Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија

 Извршниот директор на „Ер Индија“, Кембал Вилсон изјави дека има преживеани патници од денешната авионска несреќа. - Повредените патници се…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?