Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лихварите пресметувале камата од 5 до 15 посто за месечно задоцнување, заработиле 2 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Лихварите пресметувале камата од 5 до 15 посто за месечно задоцнување, заработиле 2 милиони евра
ХРОНИКА

Лихварите пресметувале камата од 5 до 15 посто за месечно задоцнување, заработиле 2 милиони евра

Објавено October 24, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага.

-МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека М.К.(73), П.К.(41) и Г.С.(46) се осомничени за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”, се наведува во соопштението.

Како што информираат од МВР, деветмина од осомничените од почетокот на 2022 година до денеска се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот.

-Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5% или 15% месечно зголемување за секое задоцнување. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата, а кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица, се наведува во сопштението.

Од МВР појаснуваат дека паричните средства кои во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што несразмераната имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови, односно постои основано сомневање дека во истиот период дванаестмината осомничени и едно осомничено правно лице како организирана криминална група за перење на пари се стекнале со противправна имотна корист изразена во парични средства од 125.033.527 денари прибавена со  кривичното дело “Лихварство”.

-Така, дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица, дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Али Ахмети се повлекува од политиката по локалните избори? Одлуката е блиску, ќе биде соопштена наскоро, објави албански медиум
Следна Статија Лионел Меси со нов договор во Интер Мајами

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПУЛС: Од продавница во Кисела Вода биле легално купувани прскалките на ДНК

Васко Спасовски, ПР и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс" во…

March 5, 2026
ХРОНИКА

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во Скопје: Почина десетмесечно бебе

На 06.12.2024 околу 16.45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот,…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?