Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори

Објавено October 24, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање.

„Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката број 7 за постапувањето по приговорите за сумирање и утврдување на резултати ДИК постапи во законскиот рок и на јавна седница ги образложи сите приговори, вкупно беа 37 приговори за резултатите од гласањето и претходно по претходната точка 6, 20 приговори за постапката за гласање. Вкупно 57 приговори, во некои од нив беа опфатени повеќе избирачки места. Сите приговори денеска се одбиени како неосновани, односно дел се повелечени, а дел се отфрлени како недозволени, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко во рамки на 149. седница на Комисијата.

Кондарко појасни дека решенијата за одлуките на ДИК во однос на приговорите ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок и по приемот подносителите имаат право на второстепена правна заштита, на тужба пред Управниот суд.

„Откако ќе одлучи Судот, ние за сите овие општини каде што имаше приговори на јавна седница во наредните неколку дена, зависно од постапувањето на Управниот суд, ќе излеземе со објавување на конечни резултати во оние општини за кои имаше приговори, рече Кондарко.

Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, за 11 беа пристигнати приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат по одлуката на Управен суд. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.

Како што информираше Кондарко оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници.

„Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страна на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип, рече Кондарко.

За конечноста за резулатите за избор на советници во општините, ДИК објави дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19 октомври за избор на советници во општините и во сите овие 64 општини гласањето во првиот круг е завршено и конечни се резултатите. Тоа се: Арачиново, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Врапчиште, Град Скопје, Берово, Битола, Боговиње, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебар, Дебрца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Конче, Кисела Вода, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Липково, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пласница, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево и Штип.

За листите на советници или за гласање на советници во општините имаше поднесено 17 приговори, за кои денеска одлучуваше ДИК. Тоа се за советите во општините: Шуто Оризари, Босилово, Прилеп, Гази Баба, Чашка, Аеродром, Долнени, Ресен, Бутел, Гостивар, Кривогоштани, Богданци, Чаир, Велес, Виница, Карпош и Кичево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси
Следна Статија Норвешки метод 4×4: „Овој тренинг го враќа вашето срце 20 години назад“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопската зоолошка сподели тажна вест: Европскиот бизон кој имаше 17 години утрово угина

Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина, соопштија од Зоолошката градина…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

УНОПС со поддршка за Македонија во борбата против корупцијата

Заменик претседателот на владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, за време на официјалната посета во Брисел, денеска…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: Стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?