Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје
ЗДРАВЈЕ

Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје

Објавено October 24, 2025 16:34
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје објави препораки и мерки до населението, согласно актуелната состојба со отпадот во Скопје.

ПРЕПОРАКИ

-Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфиција за раце после фрлање на отпад).

-Совесно одлагање на отпадот во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин, а не во контејнерите и сл.

-Внимателно ракување, селектирање, собирање и фрлање на отпадот.

-Затварање на капаците на кантите при фрлање на отпадот.

-Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот.

-Да се избегнува стагнирана (застоена) вода и исцедок од отпадот.

-Внимание при излегување со домашни миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот.

-Да не се фрла отпад надвор од одбележаните места за собирање на истиот.

-Да не се фрла отпад на нелегални депонии.

-Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита).

МЕРКИ

Непосредни, брзи и акутни

– Итно и неодложно отстранување на одложениот и расфрлан отпад во и надвор од контејнерите со сите расположиви технички, човечки и финансиски ресурси;

– Итна мобилизација за собирање и отстранување на најголемите купишта во населени места со најголема изложеност; приоритет: болници, домови за стари лица, основни и средни училишта, паркови и игралишта;

– Итно, вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите;

– Каде не е можно ова, да се постават физички времени бариери (мрежи) за да се спречи пристапот на глодари и улични животни;

– Дислокација на контејнерите – подалеку од почести патики на движење на луѓето и особено подалеку од детски игралишта, училишта, градински или здравствени институции;

– Редовен транспорт и празнење на контејнерите (минимум еднаш дневно во погусто населените делови од градот);

– Задолжително затворање на капаците на контејнерите;

– Итна набавка на потребната опрема особено соодветен број на контејнери (механизација во континуитет);

– Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита) вклучително и задолжителна вакцинација; тренинг за правилно ракување и известување за повреди;

– Интензивен надзор за заразни заболувања: засилено пријавување со епидемиолошко истражување (фокус на дијареи, случаи на лептоспироза, хоспитализирани пациенти со зоонози и слично);

– Едукација на населението за здравствените ризици поврзани со овој проблем и препознавање на симптомите поврзани со истото;

– Јавна комуникација: предупредувања и практични совети до граѓаните (лична и колективна хигиена, како да ја чуваат храната, да избегнуваат стагнирана вода, да избегнуваат физички контакт со отпадот или исцедокот, како да пријавуваат нелегални депонии).

Долгорочни мерки

– Интегриран систем за управување со комунален отпад (редовно отстранување, навремена набавка на потребна опрема, контејнери и механизација);

– Имплементација на систем за управување со цврст отпад преку смалување, повторна употреба, рециклирање и регенерација;

– Постојана едукација на населението за примарна селекција на отпадот, во најмала рака на органски и неоргански отпад и совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.);

– Образовни програми за граѓаните и вклучување на локалните заедници во решавање на проблемот (на пример, механизми наградување за селекција/откуп).

– Контролни и регулаторни политики – казнување за несовесно одлагање на отпадот, чести локални инспекции, програми за често и редовно чистење на јавните простори и улици (прво механичко отстранување на отпадот со метење, потоа миење).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски ги демaнтира шпекулациите: Во Македонија нема да се градат мигрантски кампови
Следна Статија И независниот кандидат во Могила се повлече од трката во корист на ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена…

December 24, 2024
ЗДРАВЈЕ

Се намалува бројот на новопрегледани пациенти во Гостивар

Продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош поради стомачни тегоби, покажуваат…

July 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Мираковски: Не сметам дека ако се тргне „Усје“ дека тоа ќе го реши проблемот со аерозагадувањето во Скопје

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски во синоќашното гостување на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, се осврна на бројките околу…

December 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Предупредување за опасен тренд на социјалните мрежи познат како „парацетамол-предизвик“

Здравствените експерти предупредуваат на опасниот тренд на социјалните мрежи познат како „парацетамол-предизвик“, кој може сериозно да го загрози здравјето на…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?