Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали Србинката Ана е убиена од сопругот Брајан Волш- телото не е најдено, а ДНК резултатите ќе бидат готови наскоро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дали Србинката Ана е убиена од сопругот Брајан Волш- телото не е најдено, а ДНК резултатите ќе бидат готови наскоро
БАЛКАН

Дали Србинката Ана е убиена од сопругот Брајан Волш- телото не е најдено, а ДНК резултатите ќе бидат готови наскоро

Објавено October 19, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Судењето на Брајан Волш, обвинет за убиството на Ана Волш од Белград, беше одложено за 2 декември, бидејќи одбраната бараше повеќе време да се запознае со доказите. Целиот случај е обвиен со мистерија, а се очекува на крајот на октомври да бидат доставени резултатите од ДНК анализата на пронајдените предмети, како на депонијата, така и при претресот на нивниот семеен дом. Овие резултати би можеле да го расветлат целиот случај, иако телото на белграѓанката се уште не е пронајдено.

Имено, при претресот на куќата полицијата пронашла крвава пила и церада. Во контејнер во близина на домот на мајката на Брајан Волш, инспекторите пронајдоа кеси со ѓубре во кои имало килими, средства за чистење, дел од ѓердан што таа го носела, крпи и картичка за вакцина против СОВИД-19 со нејзиното име.

Се очекува ДНК анализата конечно да стави крај на одредени прашања поврзани со случајот Ана Волш. Всушност, одржливоста на целиот случај пред судот зависи од ДНК анализата бидејќи телото се уште не е пронајдено.

Според медиумите во Бостон, случајот со убиството на Ана Волш е еден од најинтригантните во оваа област во последните години. Брајан Волш прво ја пријавил Ана за исчезната, но дури откако го контактирале нејзините колеги, за потоа да биде обвинет за нејзиното убиство. На судењето тој се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Сепак, обвинителството тврди дека Брајан ја убил Ана во нивниот дом во Кохасет рано на Нова година, а потоа и го распарчил телото и го фрлил во ѓубре.

Телото на Ана Волш, мајка на три момчиња, сè уште не е пронајдено.

Кобната ноќ, Брајан барал информации преку iPad на нивниот син како да го отстрани телото.

Миланка Љубичиќ, мајката на исчезнатата Ана, претходно за српските портали изјави дека како родител не смее да губи надеж дека нејзината ќерка е жива.

„Информациите што ги слушнав за тој инспектор ми даваат малку надеж како родител дека Ана е жива и дека едноставно некаде се сокрила. Има уште некои шанси Ана да ми се врати. Морам да кажам дека во еден период, во 16 месеци, во три наврати бев со Ана и Брајан, никогаш не слушнав дека се скарале, ниту дека имале некаков проблем. Немаше ниту еден грд збор“, изјави тогаш Миланка.

Истакнува дека ја убива тоа што целиот случај одамна не е мрднат од мртва точка, односно дека и предизвикува вознемиреност.

„Мојата Ана ја нема веќе 19 месеци и не знаеме што да правиме. Два пати разговаравме со обвинителството, јас и мојата постара ќерка. Првиот пат ни се јави една убава госпоѓа и не извести дека Ана исчезнала. Веднаш потоа следеше нов шок, ни се јави господин и објави дека нашата Ана повеќе не ја нема, туку дека е убиена. Но, никој од обвинителството никого не ни презентираше такви докази за тоа. Не можам да се одморам додека не ја дознаам вистината. Секоја нова информација и секој нов збор до нас, кои толку долго ја чекавме Ана, само ја продлабочува болката и неизвесноста“, изјави мајката на Ана Валш, Миланка Љубичиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС
Следна Статија Мицкоски се обрати пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на обуката организирна од фондацијата „Конрад Аденауер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема…

February 26, 2025
БАЛКАН

Колку заработуваат претседателите во регионот: Првиот човек на Албанија со највисока плата, македонската претседателка со најниска

Зоран Милановиќ победи во вториот круг од претседателските избори и ќе биде претседател на Хрватска во следните пет години. Ова…

January 13, 2025
БАЛКАН

Протече изјавата дадена пред смртта на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Далибор Драгијевиќ, брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ на 26 март во…

October 12, 2024
БАЛКАН

Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ…

November 5, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?