Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Објавено October 27, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември.

Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од  коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани ја оцени како „голема грешка пред се за кандидатите за градоначалници од таа коалиција“.

-Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Така што, толку себичен потег од политичар во поновата историја Македонија не видела. Да влегува да мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати, кои што, исто така, се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, изјави Мицкоски. 

И претставниците на меѓународната заедница, како што рече, со кои зборувал многу сериозно, гледаат со големо жалење и просто со неверување за тоа што слушаат дека некој во 21 век, може да користи таков речник.

Најави дека Рамадани ќе биде разрешен од актуелната функција и порача дека неговата лична и поддршката на Владата ја имаат сите оние коишто работат на иднината на државава, без разлика на етничката, верската или политичката припадност или неприпадност.

Прашан за поддршката со Коалицијата „Вреди“ во вториот круг, Мицкоски, посочи дека таа коалиција испратила соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари во Кичево.

– Го слушав Фатмир Лимани, кој што апсолутно не повика да се гласа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Второ, Коалицијата ВРЕДИ испрати соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари, како кандидат за градоначалник во Кичево. Но, еве и јас ги повикувам Албанците коишто се во Кичево, но и Кичевчани коишто ќе ја слушаат оваа изјава, да размислат после сето она што го слушнавме, за човекот што ги уценува нивните внунки и нивните ќерки, дали треба да го дадат гласот за него, и дали е тој достоинствен кандидат за иден градоначалник на Кичево. И жалам, што здруженијата на мајки и женските здруженија, кај Албанките, не излегоа со осуда и со згрозување да го коментираат тоа што го слушаа за овој кандидат и кој што се обидува повторно да биде градоначалник на Кичево, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доминантна победа на Норис во Мексико – Британецот сега е лидер во вкупниот пласман
Следна Статија Предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното бебе стоел во фиока три години пред да биде разгледан во Апелација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Програмата која ја ветивме во најголем дел Вие ја остваривте

На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна. Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

Владата му порача на Ахмети дека помина времето на политичка шизофренија

Али Ахмети да не се крие зад националистичката реторика бидејќи тоа е безидејна политичка злоупотреба а владата ја отфрла ваквата…

May 3, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?