Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Објавено October 27, 2025 13:36
Сподели
Сподели

Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување, усогласување со европските стандарди и приближување кон реалните потреби на пазарот на труд и општеството во целина, рече министерката за образование, Весна Јаневска, во обраќањето на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што го организираше Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Јаневска посочи дека оваа Влада е свесна за итноста од реформирање на највисокиот степен на образование и затоа презема конкретни мерки и активности насочени кон системски промени.

„Активно работиме на подготовка на нови законски решенија за високо образование и за научно истражувачка дејност. Законите, сами по себе, не можат да однесат универзитет повисоко на Шангајската листа, но, ако академската заедница прво се вклучи во нивното носење а потоа и ги почитува, ќе може да изградиме поквалитетно високо образование“, нагласи министерката Јаневска.

Во обраќањето, Јаневска укажа на конкретните чекори што ги презема Министерството за образование и наука за унапредување на научната продуктивност и интеграција на македонската академска заедница во глобалниот истражувачки простор. Научните бази Web of science и Scopus од оваа година се бесплатно достапни за професорите, научниците и студентите на јавните универзитети. Зголемен е буџетот за наука од 380 на 680 милиони денари, и годинава за прв пат по повеќе години, преку три повици беа доделени 374 милиони денари за научно – истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата. Академскиот кадар е високо почитуван, а платите на универзитетските професори од јануари се зголемени за 14%.

„Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет. Спроведовме сериозни контроли на високообразовните и научните установи, а резултатот е: затворени 14 приватни научни институти и 1 приватен факултет, поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по дадени забелешки на просветна инспекција и МОН. Ова не е кампања, туку ќе биде континуирана активност“, прецизира министерката Јаневска, додавајќи дека ќе следи реформа на Агенцијата за квалитет на високото образование, како и формирање на првиот државен научно-технолошки парк во Македонија.

„Работиме, но Владата и Министерството не можат сами да изградат образовен систем што ќе биде квалитетен, препознатлив и посакуван. Неопходна е решителност и иновативност што ќе ја покажат универзитетите, а ние ќе им бидеме силен поддржувач и партнер“, рече Јаневска, упатувајќи повик до сите универзитети да ги забрзаат реформите, почнувајќи од модернизирање на студиските програми, поврзување со други универзитети, развивање заеднички програми и двојни дипломи, со цел студентите да добијат глобални перспективи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поскапуваат бензините и дизелот
Следна Статија Јувентус му врачи отказ на Тудор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Видео) Македонија ја зајакнува безбедноста, 497 нови полицајци ќе го штитат редот во државата

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска беше одржана свечена промоција на новите полициски службеници…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

Трошоците за образование и обука минатата година биле благо намалени на 3,17 отсто од БДП во 2024 година (за разлика…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ирска е земја со најмоќниот пасош во светот, Македонија е на 81 место

Рангирањето на „Nomad Capitalist“ за 2025 ја смести Ирска како држава со најмноќниот пасош во светот. Македонија на оваа листа…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?