Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура
ЕКОНОМИЈА

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено October 27, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.

На годинашната конференција, под наслов „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера“, којашто ќе се одржи на 28 и 29 октомври во Охрид, ќе учествуваат домашни и странски претставници на централни банки, деловни банки, небанкарски даватели на платежни услуги, финтек-компании и други релевантни институции. Претставници од меѓународните финансиски институции и телата на Европската Унија исто така ќе учествуваат на овој настан.

Конференцијата ќе ја отворат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк.

Централна тема на Конференцијата ќе биде иднината на плаќањата по историскиот исчекор на нашата земја со интеграцијата во Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. Во таа чест, на Конференцијата ќе се обрати генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли. Гувернерот Славески, заедно со гувернерите на централните банки на Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Молдавија, како и заменик-гувернерката на Банката на Албанија, ќе дискутираат за придобивките за граѓаните и компаниите од членството во СЕПА, како и за можностите за идниот развој на регионот и за неговото интегрирање во единствениот европски пазар, уште пред пристапувањето кон Европската Унија. Кон дискусијата на оваа тема ќе се приклучат и претставниците на управните одбори на македонските банки, кои ќе се осврнат на предизвиците во процесот на оперативно поврзување и започнувањето на првите трансакции преку СЕПА на 7 октомври оваа година, ефектите врз надоместоците, конкуренцијата и дигиталната подготвеност, како и на идните чекори на банкарскиот сектор за максимално искористување на придобивките за граѓаните и компаниите.

Во рамките на Конференцијата ќе се дебатира и за воведувањето на инстант-плаќањата, потребната регулатива и инфраструктура, како и за регионалната соработка во оваа област. Поконкретно, ќе се зборува за започнатото воспоставување систем за инстант плаќања во земјите од Западен Балкан, заснован на стандардите на ТИПС на Европската централна банка за сигурно, ефикасно и брзо извршување на плаќањата во кое било време во текот на денот, за викенди и за празници, т.н. клон на ТИПС. Во услови кога земјите од Западен Балкан се во процес на интеграција во СЕПА, воспоставувањето систем за инстант плаќања со исти процедури и стандарди ќе ја засили регионалната интеграција на платните системи и нивната интеграција во европскиот платежен екосистем. Ќе се разгледа и улогата на новите пазарни чинители, коишто придонесуваат за обликување на новата платежна реалност и трансформација на конкурентноста и квалитетот на платежните услуги.

Преку овие теми, Конференцијата ќе овозможи сеопфатен преглед на иновативните решенија, регулативните аспекти и можностите за поголема интеграција и координација на пазарите, заради забрзување на дигиталната трансформација на платежните услуги во регионот.

Конференцијата, којашто ќе се одвива на англиски јазик, ќе може да се следи во живо, на каналот на Народната банка на „Јутјуб“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!
Следна Статија Прифатете ги советите од овие хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Го смиривме галопирачкиот од на цените, дадовме позитивен импулс и годината ја завршивме со најниска инфлација од 3,5%

Порано една друга политичка гарнитура и една друга политичка власт во Македонија воведувала мерки со замрзнување на цени. Замрзнувањето на…

February 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сопственикот на британски „Дејли меил“ го купува конкурентот „Телеграф“

Сопственикот на „Дејли меил“, (DMGT), во понеделникот изјави дека се согласил да го купи конкурентот „Телеграф“ за 500 милиони фунти…

November 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Охрид доби директна авиолинија со Виена

Авион на „Аустријан ерлајнс“ денеска слета со 154 патници на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, со што беше означен почетокот…

June 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто…

April 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?