Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби
СПОРТ

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

Објавено October 27, 2025 16:48
Сподели
Сподели

Македонската ракометна репрезентација денеска имаше собир и ги почнува подготовките во пресрет на двомечот со Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров во рамките на ЕХФ недела ќе работи со репрезентацијата, а дуелите со Јапонија треба да бидат воигрување пред настапите на нашиот национален тим на Европското првенство што ќе се одржи во јануари 2026.

По објавувањето на списокот на играчи левото крило Дејан Манасков преку социјалната мрежа Фејсбук го одби повикот со тоа што истакна дека има „нарушени односи со селекторот“.

На денешниот собир селекторот Лазаров изјави:

– Дејан Манасков игра во одлична форма, ова се однесува пред сè на последните два месеца и поради тоа доби повик. Тој го одби повикот да игра за Македонија и немам што да кажам. Моја обврска е да ги повикам оние кои играат во најдобра форма. Го направив тоа, го повикав и мислев дека ќе бидеме поквалитетни со него на крилната позиција. Манасков во последно време покажува врвна светска и европска класа, но одиме напред.

Манасков последен пат за репрезентацијата играше 2023 година на СП. По отказот на Манасков повик доби неговиот клупски колега од Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ.

Поради повреда од подготовките ќе отсуствува голманот Никола Митревски, а на негово место дополнително е повика Марко Кизиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петар Јанков од денес е нов градоначалник на Струмица
Следна Статија Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Затекната катастрофална состојба во Академијата на ФФМ: Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери

Вистинска негрижа во Академијата на Фудбалската Федерација на Македонија. Оштетен инвентар, неуредени канцеларии и расфрлени предмети, искршени врати и плафони……

January 22, 2025
СПОРТ

(Видео) Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор

Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, доживеа тешка повреда, во текот на натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија, во Евролигата. Девет навивачи…

December 20, 2024
СПОРТ

Набавете билети за историскиот меч на Македонија во Данска

) - Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на Данска и Македонија соопшти дека од почетокот…

March 15, 2026
СПОРТ

Муслиу: Можеме квалитетно да играме со големите репрезентации

Македонската фудбалска А-репрезентација денеска патува за Гент каде што на 10. октомври ќе одигра натпревар со Белгија од квалификациите за…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?