Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница
ПОЛИТИКА

Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница

Објавено October 27, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема приватна здравствена установа Аџибадем Систина чии сме гости денеска, јас и мојот тим на заеднички иницијативи со цел да направиме нешто во делот на здравствените прегледи, на превентивата како и третманите, за нашите сограѓани, кажа на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

Јас сум човек кој веќе 27-28 години е дел на некој начин од здравствениот систем, имавме одличен состанок со менаџментот на болницата и разбирање за нашите заеднички согледувања, со добар дел од тимот на лекари кои се поред мене и работат во оваа болница сум бил долгогодишен соработник и можам да се пофалам дека сме помогнале на стотици пациенти. Сакаме да дадеме еден нов пристап на соработка на здравствените установи во општината, горд сум што имаме ваков здравствен капацитет со кој се гордееме да речеме и во балкански и во европски рамки. Дојдов со ветување дека ќе направиме се она што треба да биде сервис од наша страна, јак како иден градоначалник да бидам во сервис за уште подобри услови за работа во оваа установа, како пред се за пациентите така и за вработените, но наидов и на една идеа за општествена одговорност на луѓето од институцијата, така да заеднички договоривме да веќе со моето доаѓање во општината дојдов со предлог да отпочнеме со превентива кај популацијата на жени над 50 годишна возраст и договоривме пакет или ветување дека месечно по 10 жени односно 120 годишно, и ако тоа го преточиме во еден, нели, градоначалнички мандат, 480 жени, госпоѓи ќе добијат преглед во делот на борба против остеопорозата преку Декса скен, мислење и понатамошен третман. Сакам уште еднаш да се заблагодарам за разбирањето на мојата иницијатива, да покажеме еден нов тренд, една нова визија каде треба да се најдат општината и сите оние кои работат во нејзе. Да се заблагодарам на целиот тим на лекари, на менаџерскиот тим на Аџибадем Систина и се надевам дека ќе ја продолжиме и во наредните четири години, истакна Лукровски.

Дојдов со една идеја, со еве едно првично барање за општествена одговорност преку услуга за оваа популација која рековме, на жени од над 50 годишна возраст, меѓутоа еве, збор два ќе каже и професорот Симеонов, тука наидов на уште неколку можности со кои можеме да помогнеме, пред се, на граѓаните, додаде Лукровски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК разреши 2 избирачки одбори во Шуто Oризари
Следна Статија (ВИДЕО) Вардар преплавен со стотици пластични шишиња фрлени во реката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, донесе неколку клучни одлуки во пресрет на претстојните локални избори. Од страна на…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали има нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен?

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, денеска на прес-конференција праша дали има нов скандал во Министерството за дигитална трансформација. По објавувањето…

March 31, 2025
ПОЛИТИКА

Албанец е основач на Охридската Архиепископија, тврди Ахмети

Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот. Ние…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?