Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица
СВЕТ

Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица

Објавено October 28, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Најмалку 22 лица се примени во болница по земјотресот што синоќа беше регистриран на 60 километри југоисточно од градот Баликесир во Турција.

Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, вели дека четири од лицата што биле примени во болница се пуштени дома, а другите 18 се со полесни повреди.

„Четири од нив се отпуштени. Има 18 граѓани кои претрпеле полесни повреди поради паника и скокање од балкони. Нема повреди опасни по живот“,

вели Устаоглу.

Според Устаоглу, има три згради што се уништени, но во нив никој не живеел поради тоа што биле оштетени од претходниот земјотрес.

Тој вели дека во округот Синдирги, во Баликесир, има 75 рурални населби и оти од контактите што ги имал со полицијата, во овие делови немало загинати.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.

Тој додава дека спасувачките екипи се на терен и ја проверуваат состојбата на инфраструктурата во погодените области.

Јерликаја вели дека спортските сали, училиштата и џамиите се отворени како засолништа и дека образовниот процес денеска е прекинат.

По земјотресот од 6,1 степен, биле регистрирани и неколку последователни потреси со јачина од 4,2, 3,5, 4 и 3,9 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Украинците објавија снимка од егзекуцијата на синот на озлогласениот руски генерал
Следна Статија Joкиќ со нов трипл-дабл и нов рекорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Руски утрински напади на Одеса и Днипро

Русија во текот на ноќта извршила напади врз Украина со дронови и ракети, при што биле погодени јужниот град Одеса…

May 18, 2026
СВЕТ

Руски напад врз Суми: Најмалку 31 загинати и 83 повредени, меѓу нив и деца

Украинската државна служба за итни случаи издаде ново соопштение во кое се вели дека најмалку 31 лице, меѓу кои две…

April 13, 2025
СВЕТ

Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг денеска наложи итна реакција по апсењето на стотици јужнокорејски граѓани во фабрика за батерии на…

September 6, 2025
СВЕТ

Линијата на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам „Старлинк“

Сопственикот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека сателитскиот систем „Старлинк“ е столбот на украинската армија, додавајќи дека целата линија на фронтот…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?