Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Интервју на Орце Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Интервју на Орце Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална
ПОЛИТИКА

Интервју на Орце Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална

Објавено October 28, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Нема изговори и оправдувања за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа го предизвика ова, но мора да знае дека таквата одлука е безумие што ќе има последици. Зад ваков чин стои одговорност, затоа што со него се загрози здравјето на целиот град. Никој нема право да ја жртвува безбедноста на граѓаните за свои лични или омазднички цели, вели во интервјуто за МКД.мк Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, кој по првиот круг од локалните избори освои три пати повеќе гласови од неговиот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица.

Имате три пати поголема програма од противникот со кој ќе се тркате во вториот круг на локалните избори, речиси 150 страници. Сметате ли дека таа програма ќе може да се реализира за период од четири години доколку ја добиете поддршката на граѓаните и дека Град Скопје ќе има пари за сите овие проекти?

– Јас веќе покажав дека знам како се реализира програма. Во Кисела Вода, наспроти сите наследени долгови и предизвици, остварив речиси сѐ што им ветив на моите сограѓани, дури и дополнителни проекти што тие ги предложија во текот на мандатот. Тој континуитет на работа, ефикасност и партнерство со граѓаните ќе го пренесам и во Град Скопје. Кога ветувам, јас реализирам и не би ја нудел оваа програма кога не би верувал дека е остварлива и кога не би знаел како тоа да го направам.

 

Таа е резултат на сериозна, професионална и детална подготовка во рамките на надлежностите што ги има Град Скопје, согласно со Законот за локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје и сите други релевантни прописи. Во нејзината изработка беа вклучени професори од Архитектонскиот, Градежниот, Економскиот и Машинскиот факултет, од Балканскиот и Европскиот универзитет, Американ колеџ и други институции, како и експерти од областа на јавниот транспорт, земјишната политика, комуналните услуги, дигитализацијата, заштитата на животната средина, јавниот сектор, ЕУ-интеграциите, здравството и социјалната заштита. Соработувавме и со невладини организации и здруженија на граѓани.

Програмата содржи 346 конкретни проекти, поделени по области и категории, сите со јасни рокови и параметри што овозможуваат нивна реализација во четиригодишен мандат. Граѓаните можат интерактивно да ја запознаат на платформата orce.mk, преку чат-бот што им овозможува да дознаат детали за секој проект поединечно. Според експертските пресметки, реализацијата на целата програма изнесува 180 до 220 милиони евра. Тоа е износ што Градот може да го обезбеди доколку се стави ред во финансиското управување. Анализите на УСАИД, УНДП и други меѓународни институции покажуваат дека Скопје годишно губи 40 до 50 милиони евра поради ненаплатени приходи од данок на имот и комунални такси, што е последица на нерегуларности, непочитување на законските обврски и корупција. Со воведување ред, дигитална наплата и транспарентно работење, тие средства ќе се насочат кон конкретни проекти за граѓаните. Значи, не само што оваа програма е издржана и реална, туку таа е и план за финансиска дисциплина, за нов систем што создава вредност и ја враќа довербата. Тоа е модел што веќе го докажав и што ќе го применам во Град Скопје.

Целото интервју може да го прочитате на МКД.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митески: Го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад
Следна Статија „Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ја нарече неоснована барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас

И Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност доставија до Јавното обвинителство тоа што имаа да достават. Да почекаме…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?