Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев: Со Академијата за јавна администрација ќе поставиме нови стандарди во јавната служба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Минчев: Со Академијата за јавна администрација ќе поставиме нови стандарди во јавната служба
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Со Академијата за јавна администрација ќе поставиме нови стандарди во јавната служба

Објавено October 28, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Со формирањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници за прв пат во историјата на државата, системски и институционално ќе се регулираат стручните обуки на јавните службеници, што ќе постави нови стандарди на јавната служба. Ова денеска го кажа ресорниот министер, Горан Минчев, во своето обраќање на јавната дискусија, организирана од Министерството за јавна админстрација, на тема „Имплементација на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Говорејќи во таа насока, министерот рече дека со отворањето на Академијата, секој административен службеник, од најмладиот до најискусниот, ќе има можност да се надградува, да стекнува нови знаења и да го покаже својот професионален капацитет.

За Законот за стручно усовршување и обука, на кој заснова формирањето на Акаедмијата, Минчев рече дека со него се поставуваат нови страндарди во јавната служба.

„Со формирањето на Академијата, која ќе се структуира во рамките на овој француско-македонски проект, создаваме институција која ќе биде срцето на професионализацијата на јавната служба. Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници е суштинска промена. Промена што ја премостува децениската разлика меѓу желбата за европска администрација и реалноста што ја градиме денес – модерна, стручна и одговорна администрација,“рече министерот.

Како што посочи тој, Академијата за јавна администрација, освен што ќе понуди структуирани обуки и развој на компетенции кај постојната администрација, предвидува и обука и полагање испит за новите кадри.

Имено, како што наведе, тој секој нововработен ќе треба да помине 120 часа обука и ќе полага испит пред стручна комисија.

„Ова е партнерство меѓу државата и нејзините луѓе, меѓу институцијата и службеникот, меѓу знаењето и јавниот интерес,“рече министерот.

Францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер, кој, исто така, се обрати на настанот, ја потврди поддршката од Франција за реформите во јавната администрација, нагласувајќи дека нејзината модернизација е клучна не само за европската интеграција, туку и за граѓаните.

Реформата на јавната администрација, како што кажа тој, е неопходна за граѓаните кои очекуваат ефикасна, модерна и транспарентна администрација.

„Довербата во администрацијата е темел на довербата во демократијата“,порача Ле Риголер.

Тој го најави проектот за поддршка на формирањето на Академијата, планирана за 2027 година, и подвлече дека Франција ќе го стави на располагање најдоброто од својата експертиза.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заклучена и испрскана во очи со средство за чистење: Вработена доживеала хорор во велешката болница
Следна Статија Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Летонскиот претседател Ринкевич: И ветувавме толку многу на Македонија за да го смени името

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна конференција го изнесе своето мислење за Украина и за притисокот на Володимир Зеленски…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот,…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?