Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии
МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Објавено October 29, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и другите водотеци се последица на недоволното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини. Реакцијата следи по објавените видеа на кои се гледаат илјадници пластични шишиња што пловат по реката.

Од Министерството посочуваат дека во овие подрачја е забележано значително присуство на диви депонии на јавни површини, чие отстранување и контрола се во надлежност на општините и нивните инспекциски служби.

Како што информираат, Министерството и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од редовно следење на состојбите со управувањето со отпадот и зголемено присуство на општинските инспектори на терен.

Во моментов, Државниот инспекторат подготвува измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем кој ќе овозможи поефикасна контрола и подобра координација во оваа област.

Министерството апелира до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и активно делување во зачувувањето на чистотата на реките и водните текови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја
Следна Статија Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет

Министерството за образование и наука (МОН) започна постапка за поништување на дипломи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и…

May 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, оцени дека изминатата година донела конкретни и мерливи резултати во борбата против…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре дожд, викендов засилен ветер

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?