Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ

Објавено October 29, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба со Питер ван дер Легте, извршен потпретседател на ВДЛ Груп, Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Ван Хоол Македонија и Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, на која се разговараше за моменталната состојба на двете компании, како и за понатамошните планови и можности за инвестирање во рамки на зоните.

Димовски, информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, ја посочи важноста на континуираната поддршка за сите компании кои работат во рамки на ТИРЗ, потенцирајќи ги можностите за инвестирање кои ги нуди Македонија. Во таа насока, тој истакна дека во соработка со Владата и сите останати институции, активно се работи за уште подобри услови за инвестирање, што позитивно ќе влијае на националната економија.

Од страна на менаџментот на ВДЛ Ван Хоол беше изразено особено задоволство за досегашната соработка, при што беа презентирани тековните активности на компанијата, како и плановите за во иднина. Дополнително, беа нагласени и стратешките цели за континуиран раст, унапредување на производствените процеси и креирање на нови работни места. Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, како долгогодишен деловен партнер на ВДЛ групацијата, истакна дека Македонија со својата стабилна бизнис клима претставува атрактивна дестинација за инвестирање. Тој истакна дека производите на компанијата се користат низ целиот свет во најсложените апликации, исполнувајќи ги исклучително високите барања за квалитет, соопшто Дирекцијата на ТИРЗ.

Инаку, компанијата е производител на надворешни и внатрешни запчаници, менувачи и пињони/пињонски вратила, а со своите ултрамодерни машини е во можност да извршува разни тешки механички процеси, користејќи најнови CNC техники и машини за да се гарантира најдобар квалитет и време на извршување. Производите се наменети за бројни индустрии, како рударската, челичната, нафтената и гасната индустрија и индустријата за одржлива енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Секој петти граѓанин во Македонија тоне во сиромаштија

Секое петто лице во Македонија живее под прагот на сиромаштија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за 2024…

May 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Русите го продадоа „Лукоил“: Ова е новиот газда на нафтениот гигант

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ соопшти дека постигнал договор со кипарската компанија „Гунвор Груп“, чиј сопственик е шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист,…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Растe цената на нафтата

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „Брент“ денес се искачи над 103 долари за барел. Порастот доаѓа по…

April 23, 2026

Трамп повикува Фени и Фреди да купат обврзници во вредност од 200 милијарди долари

Стратегија за поддршка на пазарот на недвижности и економска стабилност

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?