Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Советниците од ДУИ во Град Скопје прво ги одбија, па потоа ги примија уверенија испишани двојазично
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Советниците од ДУИ во Град Скопје прво ги одбија, па потоа ги примија уверенија испишани двојазично
МАКЕДОНИЈА

Советниците од ДУИ во Град Скопје прво ги одбија, па потоа ги примија уверенија испишани двојазично

Објавено October 29, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Тензично започна процесот на конституирање на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) одбија да ги примат уверенијата за избор на советници, бидејќи, како што истакнаа, документите биле издадени само на македонски јазик.

Според нив, со тоа се прекршува Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на двата службени јазици.

По реакцијата, за само неколку часа биле подготвени нови уверенија на македонски и албански јазик, кои потоа ги примиле и советниците од ДУИ.

Останатите членови на Советот, меѓу кои и новоизбраните претставници од коалицијата ВЛЕН, ги примија уверенијата без забелешки. Со ова формално започнува работата на новиот состав на Советот на Град Скопје.

Уверенијата се потпишани од претседателката на Изборната комисија на Град Скопје, Марија Мошев

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради Задушница, в сабота нема да се одржи „Марш на ангелите“ во Кочани
Следна Статија Хрватската полиција со дронови почна да „лови“ несовесни возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во…

May 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски дециден на средбата со бугарската колешка: За македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не се разговара

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,…

May 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Арсовска тврди дека добива закани по живот: Мене ќе ме утепаат…

Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот. -…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?