Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

Објавено October 30, 2025 09:11
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашниот собир во Конче во поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев.

Тој остро ги осуди притисоците врз граѓаните во текот на кампањата, потенцирајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заплаши луѓето преку институциите.

„Со полиција, финансиска полиција, шумска полиција, преку социјалните служби, прават притисок врз граѓаните. Сакаат да потсетат на времето кога сите живеевме во страв и уцени. Но тоа време заврши. Луѓето сакаат нормален живот, без притисоци, без закани, без поткуп,“ рече тој.

Филипче повика на масовна излезност во недела и поддршка за кандидатот на СДСМ, Благој Илиев.

„Да излеземе во огромен број во недела и да го заокружиме бројот 5 за Благој Илиев, човекот кој работи за вас, не за себе. За Конче да продолжи да се развива“, рече Филипче.

Тој кажа дека градоначалниците од СДСМ реализирале 90 до 100 проценти од ветеното.

„Нема општина во која СДСМ има градоначалник, а да ветената програма не е завршена 90 или 100 проценти“, рече Филипче.

Тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат разликата кога општините ги водат луѓе кои работат чесно и посветено во интерес на сите.

„Многу добро знаете како Благојче работеше во минатиот мандат, како се однесуваше додека беше градоначалник, дека вратата му беше секогаш отворена и дека работеше за доброто на општината и на вас, граѓаните“, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ во своето обраќање нагласи дека токму оваа разлика меѓу одговорно и неодговорно владеење се гледа насекаде низ државата.

„Нема општина во држава во која што има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а да програмата е завршена повеќе од 20 проценти. Како да се натпреваруваат кој помалку ќе работи за граѓаните“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Јокиќ пред историски рекорд, Остин Ривс херој на Лејкерси
Следна Статија Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи: Чаир има надеж за промена

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени синоќа претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Во гостување на…

March 3, 2026
ПОЛИТИКА

Николоски: Дојран треба да се приклучи на бранот на победата

Вечерва во Нов Дојран ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја побараа поддршката од граѓаните, за вториот круг од изборите, на мини-митинг. На…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Породилното доцни со недели

Членката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска обвини дека државата доцни со исплатата на породилните надоместоци, поради…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?