Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ пак не дојде на координација за Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ пак не дојде на координација за Изборниот законик
ПОЛИТИКА

СДСМ пак не дојде на координација за Изборниот законик

Објавено July 13, 2026 18:14
Сподели
Сподели

 – Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за МИА потврди дека е одложена координативна средба на опозициските партии во Собранието што беше најавена за денеска, иницирана од нивната партија заради усогласување заеднички став за измените на Изборниот законик.

Крмов потенцира дека средбата е одложена поради неприсуство на претставник од СДСМ, но и дека не се знае дали би одржале друга средба без некој преставник од опозициските партии.

– За друга средба и за тоа дали би одржале без некој претставник од другите опозициски партии (дали СДСМ или некој друг) – не можам да кажам. Не сме разговарале – рече Крмов за МИА.

Рокот за донесување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда, е до 15 јули.

 

Политичката партија Левица остро реагира на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативниот состанок на опозициските партии, кој Левицата најави дека ќе го иницира за усогласување заеднички став за измените на Изборнит законик.

– Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија, која иницира координација на опозицискиот блок за суштинска реформа на Изборниот законик – се наведува во соопштението од Левицата.

Одбивањето на координација, велат од Левицата, е директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став. Посочуваат дека особено симптоматично е што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна едница досега одбива дури и да седне да разговара за таква реформа.

– Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство. Неодговорно е што ваквиот пристап ги продлабочува поделбите меѓу опозициските субјекти токму во момент кога постои реална можност за заедничко дејствување. СДСМ со своето одбивање не ја казнува, туку ја пропушта можноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила – се вели во соопштението на Левицата објавено на нивниот официјален фејсбук-профил.

null

Пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска во изјава за медиумите истакна дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада.

– Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска, иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. Со месеци се преговараше, над четири месеци, па кога требаше да се преформската агенда. По четири месеци секојдневно работење и во Министерството за правда и во комуникациите помеѓу Собранието, сега гледаме дека се бараат експертски расправи итн., всушност укажуваме дека, најверојатно, постои договор меѓу опозициските партии овој закон да не биде донесен – рече Стојаноски.

Го повтори ставот на владината коалиција дека ќе прифатат сè за што опозициските партии ќе се договараат сè додека во тоа законско решение е вклучено и гласањето на дијаспората.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – Цуна откако побегна низ прозорецот на полициска станица Кочани
Следна Статија Трамп тврди дека САД го заземаат Ормутскиот теснец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта

Од СДСМ велат дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во првиот круг

Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг, објави поранешниот градоначалник на Општина…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово

Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети…

April 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?